Денеска на Фрик фестивалот

Денеска на Фрик фестивалот

Автономен културно социјален центар/ зграда Железничарска | 20:00

 

Лука Донини е прв пат во Скопје. Доаѓа со идеја да пронајде во овој град место за инсталација наCORPUSTRIP. Истовремено го презентираме неговото последно видео остварување Walking 45’ и инсталација на CORPUSTRIP во просториите на Автономниот културно социјален центар во зградата Железничарска во Скопје, како поддршка и придонес за идниот развој на ваков тип простори во Скопје, во кои ќе се негува автономна критичка мисла и уметност.

 

CORPUSTRIP е работен процес односно привремена и патувачка изложба во невообичаени простори, окупирани или напуштени, јавни или приватни, флексибилна да стане место за колективно искуство.CORPUSTRIP пропатува повеќе од 10,000 километри околу Европа натоварена со постери во формат од 150 x 150 сантиметри.

 

Walking / Лука Донини снима без конкретна цел, не бара, а сепак наоѓа. Тој, чекор по чекор избирајќи една плажа, една пошта, еден прозорец, една ниша, едно лице, еден од (ама ова од како одење), еден глас, ја трансформира Џенова во еден праг, од којшто само со еден поглед може да се падне во искушение да се поседува целиот свет. Упорноста во оваа негова пракса се потпира на случајноста на овие средби, парчиња ред (ред како дисциплина) коишто ги сочинуваат сериите од овој филм. Некаде се започнува и некаде се завршува. Сакам да га зачувам овој фантастичен момент! – вели некој со фотоапарат во рацете.

 

Лука Донини е фотограф кој живее и работи во Рим, а изложува низ целиот свет. По професија е филмски и ТВ сценарист и работел во филмското студио на Cinecittà (Studio E.L Ettore Scola – Luciano Ricceri) и неколку ТВ продукции (RAI, Tele Cinco Madrid). Од 1997 година се посветува на специфични уметнички истражувања. Особено е фокусиран на голотијата на телата, „папката на просторот и времето каде мноштвото станува напнатост и тишината извикува милиони приказни“. Лука Донини може да погледне низ просторот, откривајќи свет на кристали каде кислородот не ни е потребен. Тој работи и со куклен театар. Се служи со Rolleiflex фотоапарат со кој создава автентични црно бели фотографии во различни портрети и простори. Како режисер создава видео записи, уметнички инсталации и театарски mise-en scène. Со Корпусстрип, колекција на црно бели портрети, остварил изложби во Рим, Париз, Берлин, Виена, Стокхолм, Истанбул, Љубљана и Белград каде што го инспирираше отворањето на првата Улична Галерија.

 

Лука Донини за CORPUSSTRIP:
„Патот не е во верувањето, туку во утврденото стојалиште на олеснување. Потеклото наспрема насоката. Тоа е набљудувачот, а не набљудуваниот. Моето внимание протекува од специфичниот момент што ме инспирира. Визијата оди преку мојот вид и тело, поминува низ мене. Истиот материјал кој јас го употребувам за да дејствувам е цврст и ранлив, корисен и ограничувачки, што крвари ако го гризнеш, но е безболен бидејќи е пренасочен во времето. Преземеното стојалиште ќе го даде изгледот, а јас самиот пронижан низ очите на другите и моите чувства.
Тие очи кои ме гледаат не насочуваат, статични се и го немаат хоризонтот како што го има она што целосно апсорбира. Тие поседуваат доказ, без да дадат насоки, затруени во внатрешноста на телото кое отфрла секаква независност.
Заглавени брефтајќи. Зад нив.
Нивните погледи не ја покажуваат вистината, ниту светлината ги проблеснува, тие се во чекор со безволните. Во друга смисла, како што иднината е загрозена во врзаноста што, пак, ги открива.
Да веруваш во разрешувањето е единствено возможно само ако не можеш да го прифатиш невозможното. Напорот е да ја оствариш неостварливата цел и вообразено да ја вметнеш во „овој свет“ како нешто неопходно . Тоа е природата на телото. Неминовна и неизбежна.
Потребата за комуникација и логичното дефинирање на формите и делувањата се прифаќаат како неопходности во нашите намери. Потребна е „јавност“ за да сториш нешто, непланирани партнери во злочинот-битката е во вклучувањето на другите, но тоа е тешко да се открие. Стануваме несвесен сведок на сопственото насилство, што дури и да се забележи завршува во негирањето дека им припаѓа на другите. Се крепиме на приказни и искуства, му придаваме важност на објектот само за да бидеме препознаени. Не можеме да бидеме она што посакуваме, без разлика во какво тело ни е душата вселена.
Со парадирањето на сопствената моќ ги принудуваме другите да ја откријат сопствената. Вистината е поврзана со правилата, а тие со правичноста. Правдата повлекува мртви луѓе, а изговорите ја земаат со себе кривицата дека некој треба да ја надомести. Осаменоста е пропорционално и директно поврзана со потврдената правда и секоја конструкција на сликата за себе е издупчена со изговори. Тие очи кои гледаат во мене имаат лични приказни кои не можам да ги кажам бидејќи сите мои фотографии се исти и секогаш ја пренесуваат истата порака.
Мора да одолееме на таа дива страст да го претвораме секое движење во модел, со тоа го предизвикуваме шизофреничното „да се биде во исто време она што не може да се види со своите очи“. Средбите со нови лица, идентификациите и проекциите, оттуѓувањата и рехабилитациите направиле смеса на сензации која постанала крута и надвор од законските прописи. Личните приказни постојат само во моментните средби, потем заминуваме и приказните се распрскуваат на некое друго место.
Сум ги прегрнал речиси сите луѓе кои сум ги фотографирал. Моите раце до совршенство ги познаваат сите форми, иако секоја прегратка постанува ништавило. Можам да ги осетам без вклученост од меморија. Исполнети и празни, конкавни и конвексни. Исцрпувањето на пост-потретот е неизбежност. Секоја средба се претвора во вежба за заведување, која цели да ги открие тајните. Да го тргне настрана сомнежот дека секоја желба минува меѓу нозете.
Токсичноста доаѓа на површината и ја согледуваме потребата да се откажеме кога сме веќе зависници. Се плашам да се заштитам себе си од реалноста, пробувам да ја запознаам за да ја победам. Оддолевам, забрзувам, се трудам, мечтаам.
Го земам зборот „аутсајдер“ како лична вредност и знам дека морам да се помирам со тоа.
Исцрпеноста од желбата за поседување може да се сподели едниствено со фото-телата.“

 
Автономен културно социјален центар/ зграда Железничарска | 20:00

 

Амбиентална инсталација
Персонална утопија на Тони Димитров

 

Цел еден век е кривец, а не само една општествена класа. Деветнаесеттиот век е тумор кој го нагрдува и мачи човештвото со својата желба да произведе повеќе, со својата лакомост, својата морална грдотија – Жан Севрије

 

Тони Димитров:

 

„Персонална утопија претставува личен утописки простор, простор за бегство од суровата реалност на цивилизацијата. Простор за медитација и доаѓање до себе преку природата. Враќање кон отпаднатата природа на човекот и зацелување на примордијалните пориви и инстинкти. Виртуелна оаза, која ќе биде единствено можна откако цивилизацијата ќе ги прождере и последните природни остатоци на оваа планета. Проектот поставува многу прашања. Но, преку нив и пробудува. Дали ние воопшто ја знаеме целата слика на тоа што денес се случува во позадината на општеството во кое живееме, во кое вложуваме и кое го поддржуваме. Ние сме отсечени, отстранети и отпаднати од природата. Човекот е недовршено битие. Прашање е дали неговата целост воопшто ќе се заокружи. Човекот е забеган, немајќи веќе никаков допир со суштината, до степен на непрепознавање. Промената е можна, но – само преку револуција. Парадоксот се состои во тоа што овој простор е сепак продукт на технологијата. Виртуелен простор кој се почесто ќе го гледаме, доживуваме и употребуваме поради неможноста тоа искуство да го доживуваме на непосреден начин и доколку продолжиме со поддршката и развојот на индустриското општество. Последиците од технологијата и индустријата се очигледни. Изборот за тоа како ќе се одвива развојот на цивилизацијата, останува на нас“.

 


„Индустриската револуција и нејзините последици беа катастрофални за човечкиот род. Тие значително го зголемија животниот век во „развиените“ земји, но го дестабилизираа општеството, го направија животот неисполнет, ги подложија луѓето на големи понижувања, доведоа до широко распространето психолошко и физичко страдање и му нанесоа значителна штета на природниот свет. Понатамошниот развој на технологијата само ќе ја влоши состојбата. Тоа ќе ги доведе луѓето до уште поголеми понижувања и ќе му нанесе уште поголема штета на природниот свет, најверојатно ќе доведе до уште поголемо општествено пореметување и психолошко страдање, а можеби ќе доведе до зголемено физичкото страдање дури и во „развиените“ земји.“
Извадок од текстот на Теодор Качински „Индустриското општество и неговата иднина“ во превод на Горан Аргироски, 2013.
Theodore Kaczynski, Technological Slavery: The Collected Writings of Theodore
J. Kaczynski, a.k.a. „The Unabomber“, Feral House, 2010.theanarchistlibrary.orgtheanarchistlibrary.org

 

Тони Димитров – културен продуцент и културен истражувач, радио водител и радио активист, филозоф и комуниколог, поет и планинар … но исто така и звучен уметник, DJ, дизајнер, организатор, сопственик на музичка етикета, со седиште во Скопје, Македонија. Кога е дома и не патува, зафатен е со различни активности, од областа на музиката, уметноста и филозофијата кои се очигледно главниот фокус на неговиот интензивен начин на живот, но и други проекти, вклучувајќи читање и пишување, радио и теренски снимки, издавање музика и организирање на музички/уметнички настани, цртање и дизајнирање… Неговите радио програми на музичкото радио Канал 103 се посветени на современата електронска музика (емисијата Post Global: концептуална емисија за нова музика) и дискусии на широк опсег на теми кој го окупираат животот на човекот во современото доба (емисијата Музика и Политика: радио магазин за нова музика и политички дискурс). На страна од ова, неговите скорешни активности се поврзани со други музички/уметнички /културни проекти како што се Post Global recordings, Acid Fake recordings, Tiny Noise festival, Radia, Upgrade, Kanal103,Line Initiative and Movement, Produkcija, Solis, Креативен викенд и многу други…