Денеска се одбележува Меѓународниот ден на корисниците на дроги

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на корисниците на дроги

Први ноември претставува Меѓународен ден на корисниците на дроги. Настанот беше создаден во 1995 од страна на Тео ван Дам и холандската организација ЛСД (Landelijk Steunpunt Druggebruikers) како меѓународна конференција на активисти корисници на дрога.

 

Оттогаш активистичките групи на корисниците на дроги низ целиот свет започнаа да одржуваат активности за одбележување на денот.

 

Денот се одбележува со следните цели:

 

– Да се овозможат корисниците на дроги да имаат значајно влијание во сите одлуки кои се однесуваат на нивните животи.

 

– Да се промовира подобро разбирање на искуствата на луѓето кои употребуваат дроги и на деструктивното влијание на моменталните политики на дроги.

 

– Да се искористат способностите и знаењето за да се обучат и едуцираат други луѓе кои се засегнати со дрогите во нашите заедници.

 

– Да се обезбеди универзален пристап до алатките достапни за намалување на штетите со кои луѓето кои употребуваат дроги секојдневно се соочуваат, вклучувајќи третман и медицинска грижа, регулиран пристап до лекови кои им се потребни, пристапност до безбедна опрема за инјектирање, опрема за безбедно фрлање на приборот, информации за дрогите и нивната употреба и простории за безбедна употреба.

 

– Да се воспостави правото на информации основани на докази и како да се заштитиме од потенцијалните негативни влијанија од употребата на дрога преку универзален пристап до здравствени и социјални сервиси, безбедно домување и шанси за вработување.

 

– Да се воспостави пристап до етаблирани локални, национални, регионални и меѓународни мрежи на луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА, хепатит и други групи на здравствено загрозени луѓе со што ќе се овозможи активните корисници на дрога да бидат вклучени во донесувањето на одлуки.

 

– Да се преиспитаат националните легислативи и меѓународните конвенции кои ги оневозможуваат корисниците на дрога да живеат безбеден и здрав живот.

 

– Да се промовира толеранција и соработка со што ќе се негува културата на инклузија и активна партиципација

 

– Да се промовираат демократските приципи и да се создаде структура која промовира максимална партиципација во донесувањето на одлуки.