01 Nov Петто издание на ФРИК Фестивал
Петтото издание на ФРИК Фестивалот е повторно низ градот, истиот во кој гребеме и предеме. Оваа година бројни се уметниците кои самоиницијативно и ентузијастички се вклучуваат, да говорат и да споделат дел од своето парче во мозаикот, наречен град. Парче од својот дух, материјализиран во фотографија, аудиовизуелни инсталации, музика. Посебна радост и задоволство е допринесот на децата одколективот Ветерница, чии изработени маски ќе ги откријат нашите крути и неподвижни лица. Тие лица се замрзнати во фотографијата на шармантниот Лука Донини, а рефлексијата од нашиот град низ погледот на Ема Сабо.
06.11.2013
Младински културен центар, 20:00
ЗВУЧНИТЕ ИГРАЧКИ НА ТОМА ДИМОВСКИ И НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
Последното остварување на Тома Димовски, звучна склуптура која ќе нè воведе во нов свет, каде се спојуваат визуелната уметност и звукот, пријателството и музиката.
Под звучна скулптура и инсталација денес се подразбира „објекти во просторот кои покрај визуелната функција прават и звук“, односно инсталации од материјали кои реагираат со звук. Ваквите материјали се поставуваат до извор на звук, најчесто звучници и под влијание на звуците од звучниците ја менуваат формата или играат.
Инсталацијата на Тома Димовски е поинаква затоа што вклучува еден удирачки инструмент т.е. ксилофон со поголеми димензии. На инструментот свират еден или повеќе музичари во сооднос со други музичари и инструменти (гитара, хармоника, перкусии и друго). Настанот е своевиден перформанс, т.н. jam session каде учество ќе земат:
Фоаје Кино Фросина, 21:00
Изложба на фотографии на Ема Сабо „Hide.Me.Somewhere.Safe“
Проектот Hide.Me.Somewhere.Safe е започнат во 2012-та година како реакција на моменталната културно-политичка клима во Белград.
Фоаје пред Кино Фросина /2 спрат, 21:30
Концертен настап на три македонски бенда, промоција на албум и EP
07.11.2013
Автономен културно социјален центар/ зграда Железничарска, 20:00
Лука Донини е прв пат во Скопје. Доаѓа со идеја да пронајде во овој град место за инсталација на CORPUSTRIP. Истовремено го презентираме неговото последно видео остварување Walking 45’ и инсталација на CORPUSTRIP во просториите на Автономниот културно социјален центар во зградата Железничарска во Скопје, како поддршка и придонес за идниот развој на ваков тип простори во Скопје, во кои ќе се негува автономна критичка мисла и уметност.
Амбиентална инсталација „Персонална утопија“
Тони Димитров:„Персонална утопија претставува личен утописки простор, простор за бегство од суровата реалност на цивилизацијата. Простор за медитација и доаѓање до себе преку природата. Враќање кон отпаднатата природа на човекот и зацелување на примордијалните пориви и инстинкти. Виртуелна оаза, која ќе биде единствено можна откако цивилизацијата ќе ги прождере и последните природни остатоци на оваа планета.
08.11.2013
Колектив Ветерница во Танго домче (простор на фамилија Тангови, ул. Коста Шахов бр. 7, сутерен веднаш до New Age), 18:30-20:00
Детска креативна работилница за правење маски „Погледни си ја маската“, Камарите /Дебар Маало, 20:30
No Gender No Stress – концептуална забава под маски
Селекција на МИКРОАРТ (Белград)
– Селекција на видео арт – FRIK DARK ROOMS
– Post global trio (LIVE improv soundsacape session). Post global trio е доживување. Доживување кое можете да го почувствувате на патување низ далечни територии. Внатре или надвор од себе. Претстава на јасни и суптилни звучни слики и пејзажи. Влезете во шумата. Оставете го градот позади себе, на хоризонтот. Заборавете го… А сега влезете уште подлабоко. Во себе. И пронајдете се. Онаков каков веќе одамна сте се заборавиле. Својата live премиера, триото ја доживува токму на ФРИК!
-Dubnotic DJ set (Мартин Зафировски)
Деталната програма може да ја погледнете на сајтот на фестивалот.