ЛГБТ протест на олимписката прослава во Њујорк

ЛГБТ протест на олимписката прослава во Њујорк

Група составена од борци за ЛГБТ права вчера се обиде да го прекине настанот кој се оддржа на Тајмс Скевер со кој се одбележуваше одбројувањето на последните сто дена пред започнувањето на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија.

 

Демонстрантите извикуваа „Стоп за хомофобијата“ и носеа траспаренти со слоганот „Не верувајте на лагите на Путин“.

 

Протестот се случи на тортоар спроти местото каде што спортистите држеа говори на настанот организиран од Олимпискиот комитет на САД.

 

Закононот кој минатиот јуни беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин со кој се забранува промоцијата на „геј пропагнада“ предизвика осудување во целиот свет и беа упатени повици за бојкот на руски производи и меѓународни настани кое се случуваат во Русија, вклучувајќи ги и олимписките игри во Сочи.

 

Данкан Озборн, член на Квир Нејшн Њујорк, денеска беше цитиран од USA Today како вели дека законот претставува „прекршување на човековите права“.

 

Озборн изјави дека протестот кој траеше триесетина минути бил организиран набрзина откако групата дознала за настанот на Олимпискиот комитет.

 

Минатиот понеделник Путин се обврза дека геј спортистите и гостите кои ќе дојдат на игрите во Сочи ќе можат да се „чувствуваат безбедно“.

 

Извор: ontopmag.com