Геј паровите одбираат да кажат „Не“

Геј паровите одбираат да кажат „Не“

Кога минатиот јуни Врховниот суд на САД го сруши законот за заштита за бракот, Брајан Блатц (47) влета во кујната во Фидлхедс, ресторан во Џемјсбург, ЊуЏерси, кој тој го поседува заедно со Ден Дејвис (58).

 

„Законот е укинат“ – рекол Блатц, пред парот да го сврти своето внимание кон отворањето на ресторанот за време на ручек. И минатиот месец кога еден судија во Њу Џерси одлучи дека истополовиот брак треба да биде легализиран, нивната реакција исто така беше нема.

 

Јас реков: „Вау!“, а тој рече: „Да“.- вели г-дин Блатц. „И потоа се вративме на работа“.

 

Не е дека г-динот Блатц и г-динот Дејвис не се сакаат. Тие се заедно веќе осумнаесет години и си заменија прстени на церемонија организрана во нивниот двор пред девет години. Но, парот не гледа многу смисла во стапувањето во брак. „Ние сме во брак во секоја смисла на зборот, и тоа нема да промени ништо во смисла како се чувствуваме еден за друг“- вели Блатц.

 

Тие не се единствен пример. Сега кога истополовите парови ги имаат истите права и одговорности како и хетеросексуалните парови, геј паровите би требало да брзаат кон алтарот, нели? Не баш. Голем број на геј парови не секаат да стапат во брак и нивните причини се комплексни и лични како и секоја одлука за брак.

 

За некои бракот е застарена институција која ги втурнува истополвите парови во мејстримот. За други пак бракот им наметнува финасиски потешкотии и правни вплетканости. Сепак другите гледаат на бракот не како на бајка, туку како потенцијално болно поглавје кое ќе заврши со развод. На крајот постојат луѓе на кои бракот им оди наспроти нивните религиозни или какво и да било други верувања.

 

„Тоа е многу многу архаичен модел“ – вели Шон Фејдер (34), уметник од Њујорк кој е самец и сака да се идентификува себе си како квир. „Тоа е оној репресивен христијански модел кој вели: Избери личност кој ќе ти биде сè и која мора да биде совршена, купи куќа, купи стан, склепај три деца и ќе бидеш среќен и целосен“.

 

„Постојат многу хетеросексуалци кои се чувствуваат слично како мене“ – додаде тој. „После сè, не сите хетеросексуални парови одбираат да стапат во брак. Но, истополовите како да имаат повеќе инклинации да се залагаат за тоа“.

 

Според истражувањето на Pew Research објавено минатиот јули, шеесет проценти од возрасните лезбејки, геј, бисексуални и трансродови лица изјавиле дека сакаат да стапат во брак, во споредба со седумдесет и шест проценти од општата популација.

 

Дел од спротиставувањето на бракот кај геј мажите и лезбејките е основано на феминистичката критика на бракот според која тој не се смета за стекната слобода, туку за институција која историски ги репресирала жените. Феминистичкото влијание беше силно во раните години на геј движењето. Покојната Паула Л. Етелбрик, позната лезбејка и борец за геј права беше една од најгласните опоненти на истополвиот брак и имаше поекспанзивен поглед на врските и бракот.

 

 

„На сакам да ме познаваат како г-ѓа Нечиј привезок“- напиша Етелбрик во 1989 во еден број на сега непостоечкиот Out/Look магазин, „ниту пак сакам да ѝ дозволам на државата да ми ги регулира интимните врски“.

 

Но, тоа беше пред истополовиот брак да стане реалност, најпрво кога индивидуални држави им доделија одредени права на истополовите двојки, а потоа во јуни 2013 кога Врховниот суд го укина Законот за одбрана на бракот и на истополовите двојки им додели исти федерални права и одговорности кои ги имаат и другите брачни парови.

 

До тој момент голем број на истополови парови одбиваа да стапат во брак верувајќи дека тоа е ублажена верзија на бракот. На пример, драматургот и СИДА активистот, Лери Крејмер, ги нападна државните закони кои дозволуваат истополови партнерства како feel-good бракови поради тоа што овозможуваат неколку бенефиции. Но, тој си го промени мислењето по одлуката на Врховниот суд и минатиот јули се омажи за Дејвид Вебстер.

 

Но, некои геј парови сè уште сметаат дека бракот е инхеретно нефер и застарен. Стефани Шредер (50) и нејзината девојка Лиза Хас (49), кои живеат заедно во Бруклин, велат дека веруваат бракот им дава привилегии на паровите и ги стигнатизира самците.

 

„Не сакам на никого да му го одзмемам бравото на брак, но не би сакала тој да постои“ – вели Шредер.

 

И Џек Халберстам (51), трансродов професор на Универзитетот на Јужна Калифорнија, рече дека гледа на бракот како на патријархална институција кој не треба да биде услов за добивање здравствена заштита и правото на „легитимни“ деца. „Паровите како форма се во пропаѓање“ – вели тој.

 

Откако се аутирал, г-динот Халберстам рече дека „прилично му олеснало“ што нема да мора да стапи во брак и да создаде конвенционално семејство. Ова е точно, иако тој живее заедно со својот партнер веќе пет и пол години. „Не чувстувам притисок да се омажам“ – вели тој.

 

Отсуството на тој притисок е споделено и од други постари истополови двојки кои пораснале во похомофобични времиња и кои имале улога на социјални отпадници. Катарина Стимсон (77), поранешен декан на Универзитетот во Њујорк, вели дека една од предностите да се биде лезбејка е тоа што понекогаш се чувствувале како квазиотпадници. Иако таа веќе триесет и осум години е заедно со нејзината партнерка Елизбает Вуд, да стапи во брак за неа е предаство на нејзиниот неконформизам.

 

„Да имате избор не значи дека мора да го направите тоа“ – додаде таа.

 

Иако поголемиот дел на геј луѓето и лезбејките го поддржуваат правото на брак, тоа не е секогаш поради нив самите. Оние кои имаат прогресивни ставови велат дека борбата за бракот ги занемарила другите горливи проблеми како превенција на СИДА и безбедноста на геј младината.

 

Џон Д’Емилио (65), пионер на геј студиите и професор по родови и женски студии на Универзитетот на Илиноис во Чикаго, вели дека истополвоиот брак е елитистички и дека за него се залагаат побогати геј луѓе и лезбејки кои бараат културолошко одоборување и буржоаска награда за стапување во брак.

 

„Откако на луѓето со добро здравствено осигурување им беше овозможен ХИВ третман, заедницата на некоја начин ја напушти СИДА-та како приоритетен проблем“ – вели тој.

 

Д’Емилио ја следи сопствената филозофија. Иако е заедно со својот партнер Џим Олесон (75) веќе триест и две години, тие не планираат да стапат во брак. Олесон бил во брак со жена и нема желба повторно да се венча, додека пак Д’Емилио вели дека за тоа нема потреба.

„Се сакаме и живееме заедно веќе триесет години“ – вели тој. „Зашто би имале потреба да стапиме во брак?“

 

Голем број на геј луѓе и лезбејки стареат со верувањето дека ги надминале хетеросексуалните парови.

 

„Кај луѓето од шеесетите, седумдесетите и осудесетите постоеше чувство дека врските на ЛГБТ луѓето можат да бидат поегалитарни кога се изградени како нетрадиционални семејства“ – вели Мери Бернштајн, професор на Униферзитетот во Конетикат и автор на “The Marrying Kind?”, дело кое ја третира дебата за бракот во движењето за геј права.

 

Или како што во една прилика изјави режисерот Џон Вотерс: „Секогаш мислев дека привилегијата да се биде геј се состои во тоа што не мораме да стапиме во брак и да одиме во војска“.

 

„Истополовите парови кои што се во долготрајна врска имаат практични причини да не стапат во брак“- вели Бернштајн, „затоа што нивните имоти и финасии се веќе поврзани“.

 

Таа се истакна себе си како пример. Иако Бернштајн (50) е заедно со нејзината партнерка веќе петнаесет години и имаат две деветгодишни близначки, тие не гледаат опиплива бенефиција во стапувањето во брак. Тие веќе имаат исти права како партнери, целосна поддршка од соседите и пријателите и целосна посветеност помеѓу нив самите.

 

„Некои луѓе сметаат дека има потреба од надворешна валидација“ – вели Бренштајн, „мислам дека ние не ми можеле да бидеме повеќе посветени“.

 

Поради тоа што треба да плаќаат повисоки даноци, бракот за некои парови и не е толку примамлива идеа. Според Џенифер Дејвидсон, сметководителка и финасикска советничка од Масачусетс која ги советува истополовите парови, паровите составени од личност која заработува повеќе и личност кај не заработува многу треба да платат илјадници долари повеќе за заеднички даноци (таканречените брачни пенали).

 

„Никој досега не ја донел таа одлука единствено поради даноците“ – вели Дејвидсон, „но, вториот фактор би можеле да бидат даночните последици“.

 

Другите истополови парови сакаат најпрво да видат дали постојат даночни бенефиции пред да стапат во брак. Таков пар се Блатц и Дејвис од Њу Џерси кои велат дека можеби ќе стапат во брак откако гувернерот Крис Кристи најави дека дека нема да ја обжали судската одлука која го поплочи патот за истополовите бракови во државата.

 

Некои истополови двојки не само што одбиваат да се венчаат, туку одлучуваат да не живеат заедно. Ерик МеКоун (36), пејачка и композиоторка, живее во колиба во рурален ридски град во Масачусетс. Нејзината девојка со која се заедно три и пол години, Рејчел Рјабачук (36), живее седумаесет милји подалеку во еднособен стан. Тие го ценат времето поминато заедно, но исто така сакаат да имааат сопствен простор.

 

За МеКоун, интегралниот дел од интетификацијата како квир претставува создавањето на алтернативно семејство, наместо да се следи познатата патека на спарување, кохабитација и создавањето деца. Но, поради тоа што повеќе нејзини пријатели веќе го направиле токму тоа, таа чувстувува дека алетернативната група се распаѓа.

 

Рјабачук вели дека таа била загрижена дека врските како нејзината кои се длабоко посветени, но нетрадиционални, ќе бидат уште повеќе маргинализирани дури и од други геј луѓе.

 

„Луѓето мислат дека поради тоа што не сакаме да стапиме во брак дека ние сме помалку посветени една на друга, а тоа не е точно “ – вели таа.

 

Постојат и такви парови кои се сметаат себе си за дел од постбрачната генерација, геј луѓе кои се во третата деценија од својот живот и кои пораснале со „Вил и Грејс“ и со целосна поддршка од своите родители и пријатели. За нив истополовиот брак е најбитно граѓанско прашање на денешнината, но исто така и за слободата да не се стапи во брак. Ова е особено точно за децата кои поминале низ развод и кои не го гледаат дека бракот е клучен за среќата во животот. Џон Керол (23), кој е самец и живее во Ист Вилиџ, вели дека количината на време и ресурси кои неговите родители го потрошиле на разводот била „неверојатна“. Последно низ кое би сакал да поминува е истиот процес низ кој поминале неговите родители.

 

„Секој пат кога ќе ги вмешате вашите чувства, тоа станува ризична работа, емоционално и финасиски“ – вели тој. Тој мисли дека браковите би требало да бидат како контактите во мобилните телефони, „тие треба да се обноват на секои две години со опцијата за надградување“.

 

Сентиментот дека бракот не претставува крај на сè го делат и други профили на луѓе, дури и оние чии родители се сè уште заедно.

 

„Ова е генерација без илузии“ – вели Ерик Роутен (24), студент на Њујоршкиот медицински колеџ кој е самец и живее во Ветшестер Каунти. За разлика од неговите пријатели кои се заедно веќе триесет години, тој вели дека паровите денеска имаат помалку социјални притисоци за да останат заедно. „Никој де очекува дека бракот ќе потрае“- вели Ерик.

 

 

Извор: NY Times