17 Oct Семинар „Социјалната работа и маргинализираните заедници“
Од 15 до 18 октомври во Охрид Колаицијата “Сексуални и задравствени права на маргинализираните заедници” во соработка со ХОПС- Опции за здрав живот, Министерството за труд и социјална политика и Фондација Отворено Општество Македонија, спроведуваат семинар на тема социјалната работа и маргинализираните заедници. Семинарот е наменет за социјални работници од Центрите за социјална работа и сродни институции кои нудат социјална заштита и работат со некои од маргинализираните заедници.
Целта на семинарот е обука на практичарите од институциите кои нудат социјална заштита за работа со маргинализираните заедници, покренување на севеста за нивните потреби, пристапот до социјална заштита и соодветна психо-социјална поддршка. Со семинарот се опфатени три маргинализирани заедници: корисниците и зависниците од дроги, сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ. За потребите на корисниците и зависниците од дроги ќе се разговара на теми како рехабилитација и ресоцијализација на лицата кои употребуваат дроги, програми за лекување и програми за намалување штети. Во овој дел ќе биде прикажан и филмот “Предозираност од осуди” снимен како дел од програмата за видео активизам на Коалицијата. Во делот за сексуалните работници беше презентиран филмот “Треба да знаеш за мене: Права, а не насилство за сексуалните работници во Македонија”. Во овој дел ќе се разговара за реалноста на сексуалните работници, стигматизацијата, насилството и дискриминацијата, како и за можностите за обезбедување социјална заштита. За лицата кои живеат со ХИВ ќе се разговара за нивните психо-социјални потреби и проблеми и начините за соодветна социјална работа.
Од семинарот ќе се формира работна група која ќе работи на прирачник за работа со маргинализирани заедници за социјални работници.