Истражување: Еден од десет геј Срби се на работ на самоубиство

Истражување: Еден од десет геј Срби се на работ на самоубиство

Едно ново истражување покажа дека девет проценти од српските геј мажи размислуваат да се самоубијат, а четири проценти веќе имаат план за самоубиство. Овие бројки беа објавени од страна на Јелена Срдановиќ Мараш, доктор по медицинска психологија.

 

Истражувањето исто така покажа дека 63 проценти од младите геј мажи во Србија зборувале за помислата за самоубиство во споредба со 23.9 проценти од хетеросексуалните луѓе.

 

Милан Ѓуриќ, координатор на српската ЛГБТ СОС линија за помош, вели дека повиците од луѓе кои што се на работ на самоубиство се многу чести.

 

Тој вели: „Тоа се луѓе кои не гледат излез од својата проблематична ситуација, тие немаат алтернатива, немаат решение. Доколку немаат стратегија за излез, во смисла на напуштање на земјата и емигрирање, а многу луѓе помислиле или фантазирале за тоа – тие не гледаат излез и немаат решение“.

 

Иако во Србија не постојат закони против хомосексуалноста, ЛГБТ луѓето се соочуваат со дискриминација во земјата во која ставовите во врска со геј луѓето се генерално негативни.

 

Српската влада веќе трета година по ред ги забранува парадите на гордоста откако прајдот во 2010 заврши со насилство во кое беа повредени сто и педесет лица откако дваесет илјади лица излегоа на контра протест.

 

Извор: pink news