Харви Милк ќе добиe своја поштенска марка

Харви Милк ќе добиe своја поштенска марка

Фондацијата Харви Милк вчера потврди дека Американска пошта ќе им оддаде почит на животот и работата на иконата на геј активизмот Харви Милк преку печатење на поштенска марка со неговиот лик.

 

Милк, кој беше првиот аутиран геј маж кој служеше во јавната администрација во Калфорнија, ќе биде првиот ЛГБТ јавен службеник чиј лик се појавил на поштенска марка.

 

Внукот на Милк, Стујарт Милк, беше првиот кој ја соошти веста на Твитер.

 

„Во името на семјството Милк и Харви Милк фондацијата, почестени сме што нашата камапања за поштенската марка беше успешна и им се заблагодаруваме на нашите партнери вклучувајќи ја и поштата на САД за нивниот напор“ -за Хафингтон пост изјави Стујарт, кој исто така е и претседател и основач на Милк фондацијата. „Приказната, примерот и храброста на Харви продолжуваат глобално да инспирираат и појавата на поштенската марка со ликот на аутирано ЛГБТ лице не само што ќе едуцира, туку и ќе понуди надеж која денеска е особено потребна“- рече Стујарт Милк.

 

Други ЛГБТ икони кои ќе добијат свои поштенски марки се Тенеси Вилијамс, Џуди Гарланд, Лангтон Хјуз, Кери Грант, Кетрин Хепбурн и Бети Дејвис.

 

Поштенската марка со ликот на Харви Милк треба да се појави во продажба во текот на следната година.

 

Извор: Huffington Post