Проблемот со оданочувањето на норвешките сексуални работници/чки

Проблемот со оданочувањето на норвешките сексуални работници/чки

Хеге Гроштад е универзитетска студентка, членка на Менса и лобистка. Таа смета дека терминот „продавање на телото“ е невкусен и ја опишува нејзината работа како „релаксирачка“. Во изминтате две години таа исто така беше една од трите илјади норвешки сексуални работнички и една од главните инцијатори на кампањата за декриминализација и регулација на секс индустријата.

 

Станува збор за кампања која во рамките на норвешкиот добро развиен социјален систем и која не ги тангира моралните прашања поттикнати од проституцијата, туку правата на пензија и здравствена заштита на сексуалните работници/чки. Иако многумина во индустријата се раниливи и експлотирани, најгласните застапници на промените се група на жени кои велат дека самите си ја одбрале својата професија.

 

Во Норвешка продавањето нас секс не е нелегално. Но, купувањето на секс беше прогласено за нелегално во 2009. Оттогаш преку полициските операции кои целат кон оние кои свесно го изнајмуваат својот имот на сексуални работници/чки, индустријата стана се повеќе криминализирана.

 

Потезите да се зарани рекламирањето на сексулани сервиси испровоцира гнев кај многу лица инволвирани во индустријата кои се спортиставуваат на владинита интервенција. „ Полтичарите се добредојдени да донесуваат одлуки откога ќе потрошат одредено време во разговори со сексуланите работници/чки и групите од интерес во Норвешка “ – вели Гроштад и додаде, „заклучоците основани на лични чувства можат да бидат опасни за оние на кои се однесуваат законите“.

 

Во Норвешка, заработувачката од сексуалната работа се оданочува уште од средината на деведесетите години од минатиот век, но со мерката усвоена во 2009 оваа добивка се собирала нелегално. Триесет и две годишната сексуалната работничка Џули Вест, заработува приход помеѓу три илјади и двесет илади британски фунти месечно во улога на „луксузна“ придружба. Таа верува дека треба да има огромни промени доколку државата се однесува како нејзин „макро“ со тоа што профитира од нејзината работа, затоа што сексуланите работници/чки во моментот се приморани да плаќаат данок од парите кои ги заработуваат од клиентите кои прават кривично дело“.

 

Последните бројки покажуваат дека Норвежаните трошат повеќе од триесет и девет милиони британски фунти на сексуални услуги. Затоа Гроштад сака сексуалната работа да подлежи на истата мрежа од закони и права за вработување на која подлежат другите сервисни професии. Со оглед на познатиот норвешки социјален систем, со ваквите промени ќе се револуционизира начинот на кој функционира секс индустријата.

 

Скандинавските норми за регулирани работни часови, тренинг на работното место и правила за здравствена заштита и безбедност ќе мора да се следат. Голем број од сексуалните работници се согласуваат дека криминализацијата на купувањето секс и изнајмувањето станови на сексулани работници/чки спречува ова да стане реалност.

 

Асе Михаелсен, пратеничка од Партијата за прогрес и членка на парламетарниот комитете за правда сака да го декриминализра купувањето секс затоа што „законот можеби изгледал фино на хартија, но во реалноста не фунционирал“. Гроштад додаде: – „Доколку имате голем број на проблеми со клиентите, тогаш не сте мотивирани да ја повикате полицијата, затоа што ризикувате да ви го саботираат бизнисот“.

 

Криминализацијата на купувањето секс во Норвешка не влијаел на бројот на клинети според извештаите на Просентрет, организација која дава помош и советување на сексуални работници. Нејзиниот директор Бјорг Норли верува дека криминализацијата на секс индустријата „имала директни негативни последици’ врз голем број на сексуалните работници/чки.

 

Марте Хамер, лидерка на женското движење во Социјалистичката лева партија, не се согласува со тоа. Таа вели дека законот испраќа „важен сигнал во општестовото“ за она што претставува „прифатлива, а што неприфатлива професија“.

 

Критичарите на Гроштад гледаат на неа како на исклучок: добро образована напредна жена која има професија во која мнозинството од работниците се експлотирани и ранливи. Тие се плашат дека таа го рекламира идеалот на „среќна курва“ кои би можел да мотивира и други жени да се втурнат во индустријата.

 

Извор: independent