28 септември – Глобален ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус

28 септември – Глобален ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус

Одбележувањето на денот потекнува од Латинска Америка кадешто во текот на изминатите две децении голем број на женски групи се мобилизираа токму на 28 септември за да од своите влади побараат да го декриминализираат абортусот, да овозожат безбедни и достапни сервиси за абортус и да стават крај на стигмата и дискриминацијата врз жените кои одбрале да направат абортус.

 

Овој датум бил одбран во честа на укинувањето на ропствотово Бразил кој денеска се памети како денот на „слободната матка“ на кој се бара безбеден и легален абортус за сите жени.

 

 

Во 2011, Женската глобална мрежа за репродуктивни права го прошири одележувањето на овој ден на глобално ниво како знак на солидарност со женското движење во Латинска Америка и признавањето на фактот дека пристапот до безбеден и легален абортус продолжува да не биде достапно за многу жени во многу земји. Во повеќето африкански земји абортусот е или заранет или дозволен само во случаите во кои ќе и’ го спаси животот на жената.

 

Во некои азијски земји, абортусот е законски дозволен, но во повеќето, е строго рестриктиран дури и кога е легален, а жените мораат да се справуваат со големи трошоци и недостапноста на соодветна грижа по абортирањето.

 

Во неколку европски земји, а во последно време и во САД се случуваат со остри напади од страна на противнички групи кои сакаат да ја скратат оваа женска репродуктивна слобода со воведувањето на правни и финасиски рестрикции, проектирање на поголема стигма и дискриминација и понатамошно опструирање на пристапот до абортус.

 

Сите погоре споменати фактори преставуваат тешки пречки за жените да ги практикуваат своите човекови права.

 

Извор: wgnrr.org