23 Sep Италијанските законодавци масовно се бакнуваа во подршка на геј правата
Минатата недела десетици италиjански законодавци се бакнаа како знак за поддршка на мерката за спречување на дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето и повикот за уште пострoги закони за заштитa на ЛГБТ правата.
Мерката беше усвоена во долниот дом, но се очекува да не помине во Сенатот, како што преснесува Д’ Локал:
„Мерката беше усвоена во долниот дом и цели законот за антидискримиција од 1993 да биде проширен и на злосторствата мотивирани од хомофобија и трансфобија. Вкупно 354 полтичари гласаа во полза на законот, а 79 против, пренсе Ла Република.
Парламетарната дебата беше прекината кога десетици политичари станаа и почнаа да се бакнуваат и да се гушкаат. Дел од полтичарите од партијата на Бепе Грило држеа знаци на кои беа испашани пораки за повеќе права за геј луѓето.
Иако законот е усвоен во долниот дом, партијата на Силвио Берлускони најави дека нема да биде усвоена во Сенатот, се вели во текстот на Ла Република.
Парламентарката Федерика Дага на својот Твитер профил постави фотографија од протестот и напиша: Еднакви права и достоинство без род, затоа што бакнежите и гушкањата не се страшни“.
Видеото од настанот можете да го погледнете овде.
Извор: Salon