18 Sep Калифорнија ги олеснува казните за поседување на дрога
Сакраменто, Калифорнија. – Калифорниското собрание усвои реформа во законот за дроги со кој на калифорниските покрани ќе им се овозможи поголема контрола во начинот на казнување на ненасилните престапници кои извршиле дело поврзано со дрога. Со реформата, која е инцирана од сенаторот Марк Лено од Сан Франциско, на покраинските јавните обвинители ќе им дозволи да покренуваат прекршочна наместо кривична пријава за дела поврзани со поседување на дрога.
„Знеме дека можеме да го намалиме криминалот преку обезбедување на програми за рехабилитација и преку можноста казнетите успешно да се вратат во своите заедници“ – изјави Лено. „Но, во моментот ние го правиме спротивното. Ненасилните престапници ги осудуваме на долги затворски казни за поседување на дрога, не им нудиме третман додека се во затвор, и ги пуштаме на слобода без никакви изгледи да најдат работа или опции да се стекнат со образование“
Според Лено, со овозможување на флексибилност на локалните влади при изборот на казни за поседување дрога, покраините ќе можат независно да одлучат кој е најдобриот начин за да инвестираат во алтернативите на затворскате казни и да резервираат затворски места за посериозни прекршетиели на законот. Доколку реформата биде усвоена, на покраните во Калифорнија ќе им се овозможи да посветат повеќе фондови за програми за рехабилитација од дрога и здравствени сервиси наместо за затворски трошоци. Се пресметува дека со таквиот потег секоја година во Калифорнија ќе се заштедат до 159 милиони долари.
Во моментот во тринаесет американски држави, вклучувајќи го и дистриктот Колумбија, поседувањето на дрога се смета за прекршок. Со законот нема да бидат опфатени престапниците кои се инволвирани во производство или дистрибуција на нелагални дроги.
Законот сега е испратен на усвојување во калифорницкиот државниот сенат.
Јавниот обвинител Ерик Холдер наодамна најави дела Оддлеот за правда на САД ќе посвети поголемо внимание на реформи на законите кои се однесуваат на дрогите.
Извор: Correctional news