12 Sep Британски епископ рекол дека црквата треба да се извини за третманот на геј луѓето
Мајкл Перхем, епископот од Глаучестер, минатата недела го водеше состанокот со Глаучестерската геј и лезбејска заедница на која се зборуваше за третманот на геј заедницата од страна на црквата.
Мајкл Чарлтон-Хабл, претседетелот на ГГЛЗ, објасни како оваа верско лице им се извинило на геј луѓето во име на црквата.
„Многумина од геј заедницата доаѓаат во оваа катедрала, па мислевме дека епископот исто така треба да дојде на некој од нашите состаноци и тој го прифати овој предлог“ – рече тој и додаде „епископот кажа многу на овој состанок. Тој го започна својот говор со извинување од Црквата на Англија до нејзините ЛГБТ членови“
Чарлтон-Хабл го опиша епископот како либерален човек кој е среќен што присуствува на состанокот.
Овој состанок помеѓу црквата и геј заедницата претставува втор од овој тип кој се оддржал во Гаучестер. Првиот состанок од овој вид се одржал дури во далечната 1976. Чарлтон Хабл рече дека причината за долгиот период помеѓу двата состанока биле ставовите на предходните црковни лидери.
„Би сакале црквата да се движи нанапред и да ги третира геј луѓето како што една христијанска организација треба да ги третира. Но, минатите епископи не беа заинтересирани ниту да зборуваат со нас“- рече тој.
Епископот Перхем изјави дека црквата мора да ги унапредува своите ставови и да биде во тек со ставовите кон геј лицата кои постојано се менуваат. „Црквата можеби се движи бавно не ќе стигне до таму. Мнозинстовото од христијаните многу побрзо ги менуваат своите ставови кон посовремениот начин на размислување и кон позицијата која би требало да ја застапуваат. Тоа е позиција која требаше да ја достигнеме одамна, но јасно е дека тоа не се случува толку брзо како кај останатите во општеството“ – рече Перхем.
Тој исто така зборуваше за неговите ставови за бракот и како геј партнерствата треба да бидат признаени како еднакви.
„Ставот на црквата за истополовите врски не е оддржлив. Но, хомосексуалците мораат да сфатат дека црквата не е хомофобична. Сите би требало да ги славиме посветените и верни љубовни врски“ -рече тој.
Чарлтон Хабл рече дека состанокот бил успешен и дека се надева дека комуникацијата помеѓу геј заедницата и црквата ќе продолжи.
Извор: Gay star news