Интервју на Радио МОФ со Бојан, Македонец кој хирушки го промени својот пол

Интервју на Радио МОФ со Бојан, Македонец кој хирушки го промени својот пол

Радио МОФ направи интервју со Бојан кој неодамна во Белград помина низ хирушка промена на својот пол. Во интервјуто тој зборува за детали од личниот живот, борбата со предрасудите и стереотипите во македонското општество и отворената дискриминација на државата на трансродовите лица.

 

„Да резимираме: Да се биде трансродово лице не е избор – но начинот на кој ќе се помине процесот на транзиција, самите медицински постапки – тоа е избор и лично право на лицето. За мене лично, таа потреба се појави веднаш штом дознав дека „промената“ е возможна“ – изјави Бојан во интервјуто на Радио МОФ.

 

За односот на институциите Бојан вели:„Институциите, наместо да работат во корист на луѓето, само изигруваат ѕидови и функционираат на принципот: одбиј и дискриминирај, без разлика што ќе побараат од тебе. Пред две години успеав да го променам името, но без никакво образложение ме одбија за промена на матичниот број (иако кај нас нема специфични услови кои треба да ги исполнам за таквата промена во документите, транс луѓето не се никаде споменати во законите).“

 

Да се живее како трансродово лице во Македонија е многу тешко и значи секојдневна борба со стеротипите кои постојат на секое социјално ниво: „Искрено ви велам, секој ден е борба, секој момент е криза. Притисокот е постојан и страшен, и без разлика колку се добри и искрени вашите напори да разберете, жал ми е, но нема да можете се’ додека не сте во автентична ситуација.“

 

Тој се соочувал и со прерасуди и во рамките на македонската ЛГБ заедница: „Страшно е колку трансфобија има во ЛГБ заедницата. Ова произведува ситуации од типот на ладнокрвно „откачување“, понекогаш и по многу долга врска, и тоа доста често. Се шегувам. Се случува буквално секогаш.“

 

Целосното интервју можете да го прочитате овде.