Претседателот на ФИФА очекува руски одговор за анти-геј законите

Претседателот на ФИФА очекува руски одговор за анти-геј законите

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација Степ Блатер во рок од неколку дена очекува одговор од Русија, домаќинот на Светското првенство во фудбал во 2018-та. Во одговорот тој очекува да се разјаснат околностите околу законот за забрана на геј „пропагандата“.

 

Најбитната фудбалска организација му се придружи на Меѓународниот Олимписки Комитет во барањата за разјаснување како законот ќе се применува за време на настаните и дали спортистите и гледачите ќе бидат изложени на дискриминација.

 

„Досега сме добивале протестни писма и барања од страна на луѓе инволвирани во спортот. Но немаме добиено никаков официјален одговор од Русија.“ – изјавил Блатер, кој исто така е член и на Меѓународниот Олимписки Комитет.

 

„Кога зборувате со Русите, тие не зборуваат за дискриминација, тие зборуваат за заштита на малолетниците. Тоа е различно, им реков. Затоа дајте ми доказ дека заштитувате некого, а не дека дискриминирате.“ – изјави Блатер за АП.

 

Блатер има намера да го стави ова прашање „на маса“ на состанокот кој треба да се оддржи на почетокот на октомври помеѓу дваесет и седумте членови на извршниот комитет на ФИФА, чиј член е и рускиот министер за спорт Витали Мутко. Блатер рече дека очекува да се сретне со Мутко пред состанокот на бордот во Цирих.

 

Тој исто така ја понуди својата помош на Меѓународниот Олимписки Комитет во справувањето со руските власти.

 

Минатиот чеврток, Меѓународниот Олимписки Комитет соопшти дека добил одговор дека законот ќе биде во сила за време на оддржувањето на Зимските Олиписките Игри од 7-ми до 23-ти февруари.

 

Извор: lgbtq nation