15 Aug ЛГБТИ Центар за поддршка: Искривувајќи ги фактите, СИТЕЛ повторно ја разгорува хомофобијата во РМ
На 13.08.2013 година, СИТЕЛ на својата интернет страна објави вест под наслов „За американските лекари хомосексуалноста е болест под шифра 302.0“. Меѓутоа, кога ЛГБТИ Центарот за поддршка се обиде да го пронајде изворот на оваа вест, ние дојдовме до нешто сосема изненадувачко – не само што не успеавме да пронајдеме вест во таков формат, туку и сите други вести кои ги пронајдовме пренесуваат сосема поинакви факти, различни од оние со кои располага СИТЕЛ. Понатаму, во своето известување, СИТЕЛ премолчува голем број факти кои на целиот настан му даваат сосема поинаква конотација и со кои недвосмислено се наведува ставот на здравствените институции на САД дека хомосексуалноста не е болест и дека истите не го поддржуваат, ниту одобруваат користењето на кодот 302.0 за доделување на дијагноза ’хомосексуално однесување’.
Со ова, СИТЕЛ уште еднаш ја разгори и ескалира и онака премногу високата хомофобија во Македонија, без притоа да размислува за евентуалното потикнување на нови случаи на злосторства и говор на омраза.
ЛГБТИ Центарот за поддршка стапи во контакт со СИТЕЛ, барајќи да извршат исправка на објавената вест.
Во прилог ќе го пронајдете текстот објавен на http://sitel.com.mk, како и преведениот текст на една од објавените вести во САД. Исто така, можете да пронајдете и неколку линкови на кои ќе пронајдете и други статии кои се однесуваат на истата вест…
Целата статија можете да ја прочитате на сајтот на ЛГБТИ Центарот за поддршка.