12 Aug Стотици луѓе се бакнуваа пред рускиот конзулат во Антверпен
Антверпен, Белгија – Минатиот петок преку четири стотини мажи и жени приредија протест со бакнување пред рускиот конзулат во Антверпен во знак на поддршка на руската ЛГБТ заедница и против неодамна усвоените анти-геј закони во земјата.
Настанот насловен „До Русија со љубов“ временски се поклопи со последните денови од „Ворлд аут“ игрите кои се оддржуваат во Антверпен, град кој е побратимен со Санкт Петерсбург во Русија.
Учениците на протестот, меѓу кои имаше и голем број на отворено геј спортисти, побараа Зимските олимписки игри во 2014 да не се оддржат во Сочи и да бидат преместени на друга локација во знак на протест против анти-геј законите.
Настанот беше наменет против новиот федерален закон во Русија, кој минатиот јуни го потпиша рускиот претседател Владимир Путин со кој се забранува таканаречената „пропаганда на хомосексуалноста“ и со кој за лицата кои ќе бидат осудени за неговото прекршување се предвидуваат казни до петнаесет дена во затвор.
Јури Гавриков, претседавачот на Парадата на гордоста во Санкт Петерзбург, кој беше уапсен од руската полиција за време на оддржување на истиот, исто така беше присутен на протестот во на протестот заедно со неколку градски функционери на Антверпен.
Уесниците исто така декорираа и закачија обоени панделки на оградата на рускиот конзулат во градот.
Автор: Ден Литауер
Извор: Lgbtq nation