Измачуван и убиен камерунски геј активист

Измачуван и убиен камерунски геј активист

Завчера беше откриен случајот на тортура и убиство на еден камерунски геј актвист. Телото на Ерик Ихена Лембембе беше пронајдено во неговиот дом во главниот град Јаоунд минатиот понеделник од страна на неговите пријатели, откако тој бил недостапен два дена.

 

Според Хјуман Рајтс Воч, пријателите ја нашле влезната врата од неговиот дом заклучена од надвор, но сепак од прозорецот можеле да го видат телото на Лембембе како лежи не неговиот кревет.

 

Според еден негов пријател, вратот и стапалата на Лембембе биле скршени, а неговото лице, дланки и стапала биле изгорени со пегла.

 

Нападот се случил неколку недели откако Лембембе објавил јавно предупредување за заканите кои ги добивал од анти-геј насилници.

 

И покрај тоа што пријателите на Лембембе и пристапиле на полицијата, властите се уште не спровеле истрага.

 

„Не знаеме кој го убил Ерик Лембембе или зошто бил убиен, но едно нешто е јасно: неуспехот на властите во Камерун да спречат хомофобично насилство испраќа порака дека ваквите насилства поминуваат неказнети“ – изјави Нила Гошал, постар ЛГБТ истражувач на Хјуман Рајтс Воч.

 

„Полицијата не би требало да мирува се’ додека сторителите на ова ужасно кривично дело не бидат изведени пред правда. Претседателот Бија не треба да молчи за бранот на хомофобични насилстава во Камерун и треба јавно да го осуди нападот“ – вели таа.

 

Гошал му оддаде почит на Лембембе, нарекувајќи го „инспиративен активист“. Како автор и правен експерт со неговата организација документираше апсења, насилства и уцени врз ЛГБТ лицата во Камерун.

 

„Потребна е огромна храброст за да се залагате за еднакви права во Камерун, каде ЛГБТ луѓето се соочуваат со тешка дискриминација и насилство. Активизмот на Ерик го поплочи патот на општеството кое се основа на еднаквост и недискриминација“ – рече Гошал.

 

Во Камерун хомосексуланоста се казнува со затворска казна од пет години. Поради фактот што оваа земја осудува најголем број на ЛГБТ луѓе, таа често се смета за најлошо место во светот за геј луѓето.

 

Извор: Gay star news