06 Jul За време на Вимбелдон приведен проповедник поради геј омраза
Еден екстремен хомофобичен христијански проповедник беше приведен поради тоа што геј луѓето ги нарече „грешници“ за време на оддржувањето на тенискиот турнир Вимбелдон.
Четириест и девет годишниот американски евангелист Тони Миано беше задржан шест часа во полициска станица по неговиот проповед за „сексуалната неморалност“ во северозападниот дел на Лондон.
Во изјава за Геј Стар Њуз, портпаролот на метрополитанската полиција рече: „Минатиот понеделник во 16 и 40 часот, полицијата беше повикана на Вимбелдон Хил Роуд по пријавите дека одедено лице држи јавен говор во кој имало хомофобични коментари. Полицајците го привеле лицето кое било на возраст од четириест и девет години под сомнение дека го прекршил Актот за јавен ред. Лицето било однесено во еден полициска станица во северо-западен Лондон каде што било подложено на информативен говор со инспекторите и подоцна било ослободено без да врз него да бидат преземени правни постапки.“
На едно видео објавено на ЈуТјуб може да се види како полицаец му се приближува на Миано и започнува дискусија за да утврди дали во говорот на проповедникот имало хомофобични изјави.
„Хомофобијата значи дека јас се плашам од хомосексуалци, но јас ги сакам хомосексуалците“- вели тој. „Сакам да се оттргнат од нивниот грев и да почнаат да веруваат во Христос“.
Миано изјавил дека за време на неговото присуство во полициската станица били преиспитувана неговата христијанска вера. „ Помеѓу другите нешта, ме прашаа дали верувам дека хомосексуалноста е грев“ – изјавил Миано за Телеграф и додаде: „Последните две прашања беа „Дали верувате дека сте стопроцентно во право со она што го сторивте денеска?“ на што јас одговорив со „да“, и „Доколку утре се вратите на истото место, дали би го сториле истото?“ на што јас пак одговорив позитивно“.
Извор: http://www.gaystarnews.com/article/wimbledon-tennis-preacher-arrested-gay-hate040713