Декларација на Парламентот на Советот на Европа против новиот закон за абортус

Декларација на Парламентот на Советот на Европа против новиот закон за абортус

Парламентарно Собрание на Советот на Европа

Новиот закон за абортус на Република Македонија ги повредува меѓународните стандарди

Пишана декларација бр. 547 / документ 13263/ 27 Јуни 2013

Оваа пишана декларација е заложба само на оние кои се потписници

 

На 10 Јуни 2013 година Собранието на Република Македонија го усвои Законот за прекин на бременоста. Иако целосно ја признаваме независноста на државата од аспект на јавното здравје, ние сме серизоно загрижени за формата на дебатата водена во Собранието на Република Македонија и на содржината на законот која преставува прва легислатива од нејзината независност која ги ограничува човековите и женските права.

 

Без некоја посебна ургентност законот беше донесен во брза постапка, за време од 2 недели, со што беше оневозможена било каква консултација и јавна дебата со главните чинители, како медицинските експерти, женските организации и граѓанското општество. Ова предизвика загриженост во однос на заложбите на Република Македонија за демократијата и владеењето на правото.

 

Овој закон не е во согласност со ниту еден од меѓународните или Европските стандарди во однос на прекин на бременоста, репродуктивните права или основните слободи (Водичите на Светската Здравствена Организација, Резулициите на Собранието 1399 (2004), 1607 (2008). Задоложителниот ултрасонограф, времето на чекање и пишаното барање се омаловажување и деградирање за жената, спротивни на човечкото достоинство и основните права на приватност и доверливост кои се потенцирани во Уставот на Република Македонија

 

Ние ги повикуваме македонските власти да осигурат дека меѓунардоните стандарди базирани на вистинска наука, медицина и човекови права се примарна водилка во полето на оваа легислатива

 

Потписници:

ACKETOFT Tina, Sweden, ALDE

ANDERSEN Karin, Norway, UEL

BİLGEHAN Gülsün, Turkey, SOC

BREMER Tor, Norway, SOC

CHRISTOFFERSEN Lise, Norway, SOC

GUNNARSSON Jonas, Sweden, SOC

GUZOWSKA Iwona, Poland, EPP/CD

HANCOCK Mike, United Kingdom, ALDE

HAUGLI Håkon, Norway, SOC

JONICA Snežana, Montenegro, SOC

KARLSSON Ulrika, Sweden, EPP/CD

KOLMAN Igor, Croatia, ALDE

MARJANOVIĆ Vesna, Serbia, SOC

OSBORNE Sandra, United Kingdom, SOC

PALIHOVICI Liliana, Republic of Moldova, EPP/CD

PETRENCO Grigore, Republic of Moldova, UEL

RIORDAN Linda, United Kingdom, SOC

SAAR Indrek, Estonia, SOC

VUČKOVIĆ Nataša, Serbia, SOC

WURM Gisela, Austria, SOC

Вкупно 20