24 Sep Подршка на геј правата на Филипини
Претседателот на Филипини, Бенињо Аквино Трети, изрази ставови за подршка за геј правата, но рече дека нема да даде подршка за геј бракот и посвојувањето деца од страна на геј парови.
Господинот Аквино ги даде овие коментари за време на неговата посета на Њу Јорк, каде што истополовите заедници беа легализирани минатиот јули.
Филипини поседува силна геј сцена и геј политичка партија која се заложуваше за законот за антидискриминација во период од единаесет години.
Иако Господинот Аквино даваше подршка за законот пред да биде избран, сепак до денес не е постигнат значителен развој на тој план.
Влијателната католочка црква останува спротиставена на законот, како што објасни Мелвин Кастро, отецот на Националниот совет на свештеници, во Ејжа тудеј во Њу Јорк.
Тој го опиша посвојувањето на деца од страна на геј парови како „дилема“.
Но раководителката на Ладлад, политичката партија која лобира за геј, лезбејската и трансродова заедница, вели дека геј луѓето во Филипини не можат слободно да ја изразат својата сексуалност поради стравот од дискриминација.
„Дикриминацијата е се уште на високо ниво така што навистина е потребно донесувањето на законот за антидискриминација за да можеме да бидеме заштитени“ – вели таа и додаде дека католичката црква прави забуна помеѓу законот и геј бракот.