Започна тестирањето на нова вакцина против ХИВ

Започна тестирањето на нова вакцина против ХИВ

Ново меѓународно пробно тестирање на вакцина против ХИВ беше започнато минатата недела во Лондон со надеж да се унапредат ветувачките резултати кои беа добиени преку употребата на комбинација од антитела. Со пробите ќе се тестира нов рецепт за вакцина за ХИВ со цел да се утврди какво подобрување врз имунитетот на учесниците на тестирањето ќе предизвикува двојното вакцинирање.

 

Тестирањето кое беше спроведено во 2009-та во Тајланд, а кое беше финансиски поддржано од САД, покажа дека комбинацијата на две прототипни вакцини била за триесет насто поефикасна во спречувањето на ХИВ инфекцијата. Лондонското тестирање го спроведува Меѓународната иницијатива за пронаоѓање на вакцина за СИДА (ИАВИ). Тоа се спроведува во соработка со центрите за истражување во Кенија и во Кигали, главниот град на Руанда.

 

Во Велика Британија беа регрутирани шеесет и четери волонтери на возраст помеѓу осумнаесет и педесет години кое ќе учествуваат во првата фаза на истражувањето кое се предвидува да трае две години.

 

Научниците се надеваат дека вакцините кое тие ги тестираат ќе создадат подолготраен, поширокоопфатен и посилен имунитет кај кандидатите. Експертите посветија седум години на истражувањето за да се осигураат дека процедурата е безбедна.

 

Д-р Џил Гилмор, раководителката на Лабараторијата за човечка имунологија со седиште во болницата Челзи и Вестминстер, е главниот истражувач во тестирањето.

 

На вестите на Канал 4, таа објасни кој е бенефитот од истовременото тестирање на две вакцини: „Потребна ни е вакцина која може да препозне повеќе видови на вирусот. Но, исто така веруваме дека мал број на луѓе се способни да развијат имунитет кој може да ја контролира инфекцијата. Доколку одредена мала група на луѓе можаат да го постигнат тоа, тогаш сигурно можат и останатите“.

 

Таа исто така е оптимист и верува дека вирусот на СИДА-та може да се порази преку употребата на вакцина.

 

Џејсон Варинер, клиничкиот директор на организацијата кое се бори против ХИВ-от, Теренс Хигинс Траст, изјави: „Во моментов, истражувањето се наоѓа во најраната ваза. Потребни се неколку години за да клиничките тестирања бидат комплетирани, и дури и ако вакцината ги помине првите фази на тестирањето, ќе бидат потребни понатамошни истражувања во текот на повеќе години. Иако досега не сме успеале да пронајдеме вакцина против ХИВ, денеска знаеме како можеме да ја сопреме заразата повеќе од кога било претходно. Комбинацијата на употребата на кондоми, редовното ХИВ тестирање и итниот третман на заразените, можат драстично да го намалат присуството на ХИВ-от.

 

Секојдневно околу седум илјади луѓе во светот се инфециранаат со ХИВ.