Оглас за работен ангажман во ХОПС

Оглас за работен ангажман во ХОПС

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на организацијата, објавува оглас

 

Ангажирање на проектен асистент/ка со скратено работно време.

 
Работни обврски:

– Организирање и спроведување на јавни настани;
– Следење и документирање на вести/статии во медиумите (press clipping) во интерес на
проектот и целните групи;
– Споделување на информации со релевантни медиуми, во согласност со потребите на ХОПС;
– Одржување на работна комуникација со релевантни медиуми.

 

Потребни квалификации:

 
– Завршени студии на новинарство, општествени науки или други сродни науки;
– Мотивираност за работа во граѓански сектор;
– Подготвеност за работа под притисок и кратки временски рокови;

 

Ангажирање на лице за документирање со скратено работно време.

Работни обврски:

– Планирање и организирање на документирањето на организациската архива;
– Документирање на организациската архива;
– Следење и документирање на материјали и настани организирани од ХОПС или во
интерес на ХОПС;
– Обезбедување на податоци и информации, со цел подготовка на компаративни анализи во сферата на интерес на ХОПС;

 
Потребни квалификации:

– Завршени студии или во завршна година на насока Историја со архивистика;
– Мотивираност за работа во граѓански сектор;
– Подготвеност за работа под притисок;

 
Најдоцна до 10.06.2013 (понеделник) сите заинтересирани кандидати потребно е да достават своја работна биографија и мотивационо писмо, по електронски пат на следната адреса: ivanak@hops.org.mk .