Сексуалната работа би требало да се легализира

Сексуалната работа би требало да се легализира

Јоханесбург – Зошто мислиме дека прифатливо да им кажуваме на возрасните луѓе што да прават со своите тела? Мислам дека е одлично тоа што Комисијата за род на Јужна Африка ја поддржува декриминализацијата на сексуалната работа.

 

Сексуалната работа едноставно претставува професија. Не постои ништо скандалозно во тоа телата да се користат како средства за обезбедување приход, па државата да мора да интервенира и да не спречи да го правиме тоа. Во што е проблемот?

 

Државата треба да ги спречува луѓето да се повредуваат едни со други. Тоа е нејзината примарна задача во која државата не е особено добра. Таа треба да се занимава со подобро овозможување на вистинска сигурност. Државата во овие тешки времиња не треба да ги спречува луѓето да си ги продаваат насмевките и стекањата.

 

Но дозволете ми бавно да ги отпакувам социјалните и моралните негодувања кои многумина од вас ги имаат додека истурате дел од вашето прво утринско конзервативно кафе поради оваа прогресивна колумна.

 

Основата на сексуалната работа се состои во тоа што во либералната демократија како нашата, возрасните треба да го уживаат правото да одлучуваат дали би сакале или не да ги користат своите тела за да заработуваат пари. За тоа постои основа во нашите уставни права. Тоа оди во прилог на нашата слобода и претставува морален терет врз државата која мора да ја образложи рестрикцијата на нашата слобода.

 

Државата мора да образложи зошто таа сака да се меша во нашата слобода затоа што нашата автонимија е осигурана со Уставот.

 

Поради правата загарантирани во Уставот, јас не смеам да ве удирам, подведувам, да извадам еден од вашите здрави бубрези без ваша дозвола, нелегално да ја огрничам вашата слобода на движење и така натака. Слободата е највисоката вредност во либерално-демократското општество кое ние го имаме одберено.

 

Па, кои се аргументите кое ги користат противниците на сексуалната работа против нејзината декриминализација?

 

Популарните негодувања имаат две страни: тоа е неморално, и доколку е неморално, тоа е експлотативно. Експлотативниот аргумент е ригиден. Доколку сексуалната работа е експлотативна, тогаш метата е експлотацијата. Домашната работа е експлотативна. Дали треба да ја криминализираме и неа?

 

Поради тоа што сексуалната работа е нелегална, сексуалните работници не смеат да пријават злоупотреба во полиција, затоа што би биле привидени или би можеле повторно да бидат злоставувани.

 

Па ако законот ја смета сексуалната работа за нелеглана, на кој начин ќе можат сексуалните работници да побараат помош од полицијата за лошиот третман од нивниот макро, клиент или пак полициски службеник?

 

Со легализирањето на сексуалната работа, државата ќе може да ја намали експлотацијата со тоа што сексуалните работници легитимно ќе можат да ги користат државните ресурси за своја заштита.

 

Па, доколку ве загрижува експлотацијата на сексуалните работници, тогаш би требало да го поддржите повикот за декриминализација на Комисјата за род. Криминализација ги држи сексуалните работници на општествените маргини каде експлотацијата, силувањето и злоупотребата не се санкционирани. Декриминализацијата е значаен чекор во намалувањето на експлотацијата.

 

Моралните приговори против сексуалната работа се стари веројатно колку и самата сексуална работа. Но, тие се исто така заморувачки колку и самата сексуална работа.

 

Најпрво, јас всушност не верувам дека либералното општество е општество во кое ние не смееме морално да ги критикуваме личните избори.

 

Секако дека смееме. Доколку некој сака да живее во ропство, тогаш има нешто што е морално проблематично во целата основа на автонимијата која ни е дадена.

 

Тоа подеднакво значи дека е потребна интервенција во случаите во кое некоја жена инситира дека мажот што ја тепа всушност ја сака, Либерализмот не значи „Рацете настрана“ и „Се може да помине“. Тоа претстаува бесмислен тип на морален и културен релативизам. Либерализмот не е морално смешен.

 

Меѓутоа, досега не сум пронашол добар морален аргумент за интристичното морално зло кое го предизвикува трансакциониот секс.

 

Ниту во филозофски текстови, ниту низ предградијата, ниту во градскиот транспорт. Голата вистина се состои во тоа што повеќето луѓе длабоко во себе имаат морални проблеми со плаќањето за секс.

 

Зошто вашите чувства би биле основа на јавните политики?

 

Зошто рестрикицјата на моето право на мој телесен интегритет да се базира на вашата потреба да повраќете поради начинот на кој го користам своето тело?

 

Ова не е рационален пристап во дебатата за јавни политики. Тоа сигурно би можело да го задоволи бројното мнозиство. Но запаметете го ова: Тоа бројно мнозиство во Јужна Африка исто така би било задоволено доколку повторно ја воспоставиме смртната казна и доколку ги промениме нашите ставови за геј бракот.

 

Конзеративците мораат да победат во дебатата за сексуалната работа. Едноставното жалење не е доволно добро за да таа се добие. Доколку секако не ми платите да ве слушам.

 

Автор: Еусебиус МекКајзер, автор на бестселерот „Банту во мојот тоалет“, колекција на есеи посветени на расата, сексуалноста и други непријатни теми во Јужна Африка

 

Извор: Стар