И покрај забраната, се одржа првата геј парада во Киев

И покрај забраната, се одржа првата геј парада во Киев

Минатата сабота, околу педесетина луѓе маршираа на Киевскиот прајд 2013 во главниот град на Украина. Во организација на Киев Прајд, Амнести Интернешнал и бројни амбасади и парламенти на земјите од Европската Унија, маршот во Киев траеше околу еден час.

 

Градоначалникот на Минхен, Јизеф Хеп Монатцедер, исто така беше еден од учесниците на маршот.

 

„Ќе се сретнам со градоначалникот на Киев, но најпрво сакам да и се придружам на парадата“ изјави тој за Радио Слободна Европа. „Не, градоначалникот на Киев не е тука, но оној е Минхен е присутен. Во минатото постоеа ситуации кога особено конзервативни партии беа против одржувањето на геј паради. Но, денеска тие им се приклучуваат на прајдовите. Навистина е тешко да се зборува со вакви луѓе кое се особено агресивни. Но, мора да им покажете што всушност значат човековите права“ – додае Монатцедер.

 

Радио Слбодна Европа пренесе дека на настанот присуствувале 100 анти-геј демонстранти. Меѓутоа, организаторите на прајдот велат дека биле присутни „петстотини агресивни демонстранти кое не неркуваа педери, ѓаволи и педофили“.

 

Надлежните во градот посеветно работеа на случајот настанот да не се оддржи. На 23-ти мај, подрачниот суд во Киев ја потврди тужбата на локалните власти против одржувањето на парадата.

 

Но петицијата потпишана од шеесет и еден законодавец, беше потенцирано дека парадата ќе и наштети на годишната прослава на денот на Киев и дека ќе предизвика насилства.

 

За повеќе фотографии од настанот посетете ја фејсбук страницата на Киев Прајд