21 May Казните за корисниците на дроги треба да се намалат
Минатиот петок Организацијата на американските држави, сочинета од триесет и пет нации од Северна и Јужна Америка, им порача владите на своите земји да го разгледаат проблемот на нелегалната употреба на дроги како здравствен проблем наместо како безбедносен.
Организацијата објави извештај на двесте страни со кој се заложува за декриминализација на употребата на дрога како стратегија за намалување на насилството поврзано со шверцот на дрога и подобрување третманот на корисниците на дрога кои страдаат од хронични бихејвиорални здравствени проблеми.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, го поздрави предлогот на Организацијата. „Извештајот на Организацијата на американските држави претставува витален дел во пронаоѓањето на заеднички начин на справување со овој проблем“ – изјави Сантос на прес конференција во Богота.
Во извештајот се вели дека сиот кокаин кој се консумира во западните земји е произведен во Латинска Америка. Во Мексико, Колумбија и земјите од Централна Америка годишно се случуваат илјадници убиства поради нелегалната трговијата на дрога. Како што се зголемува употребата на нелегални дроги во Аргентина, Бразил и други земји, голем број од зависниците во светот преставуваат жители на Северна и Јужна Америка. Според извештајот, двата континента се дом на половина од корисницате на хероин во светот, четириест и пет проценти од корисниците на хероин и четвртина од корисниците на марихуана.
„Декриминализацијата на употребата на дрога мора да биде сметана за основа на секоја стратегија за јавнато здравство. Зависникот не претставува личност со хронична болест која треба да биде казнувана поради својата зависност“ – се вели во извештајот.
Голем број на официјалните лица во Обединетите Нации се согласуваат со предлогот. Хелен Кларк, раководителот на Програмата за развој на Обединетите нации, минатиот март рече дека земјите во Латинска Америка треба да ја третираат употребата на дрога како јавен здравствен проблем, а не како безбедносно прашање.Предлогот на организацијата се залага за “значајно намалување на казните“ за корисниците на нелегални дроги во корист на програми за рехабилитација од зависности.
Иако извештајот не предложува легализација на сите видови на употреба на дрога, Организацијата им порача на триесет и петте нации да ја легализираат марихуаната и да ги намалат казните за другите видови на дроги.
„Нашиот извештај не наиде на некоја битна поддршка во ниту една од земјите по прашањата за декриминализација или легализација на која било друга нелегална дрога“ – соопшти Организацијата.
Сантос изјави дека со цел да ги намали насилствата Колумбија е отворена за намалување на казните за корисниците на некои, но не сите дроги.
САД кои на Колумбија и имаат дадено милијарди долари за борба против нелегалниот бизнис со дрога, досега има потрошено 15 милијарди долари за таканаречената борба против дрогите во земјата како и надвор од неа.
Извор: Медикал Дејли