ПОЧИНА АРТУР ЕВАНС, ЛИДЕР ВО БОРБАТА ЗА ГЕЈ ПРАВА

ПОЧИНА АРТУР ЕВАНС, ЛИДЕР ВО БОРБАТА ЗА ГЕЈ ПРАВА

Артур Еванс,човекот кој помогна да се оформи и кој го водеше движењето на геј популацијата и нивните подржувачи по протестите против рацијата во Стоунвол Ин барот во Њу Јорк во 1969-та, почина минатата недела во неговиот дом во Сан Франциско. Тој имаше 68 години.

Причината за неговата смрт е срцев удар како што изјави неговиот пријател Хал Офен. Еванс не присуствуваше директно во нередијата во Стоунвол, но тие поттикнаа во него распламтување на милитантен жар и го инспирираа да му се придружи на Фронтот за ослободување на геј луѓето, организација која започна да делува непосредно по овие настани.

За Еванс и другите милитанти, оваа група не беше доволно ефикасна. Тие стравуваа дека нејзината ефикасност се намалува со завземањето на ставови за прашања кои се надвор од прашањата за правата на геј луѓето  како на пример, опонирањето на Виетнамската војна и расната дискриминација. Па, така, во декември 1969-та, тие се одделуваат од оваа група и ја формираат Алијансата на геј активисти, избирајќи име кое ќе асоцира на поагресивни тактики.

Додека живеел во Вашингтон, Еванс ги поминувал зимите во Сиетл истражувајќи го историското потекло на контракултурата. Откога се преселил во Сан Франциско ја напишал книгата „Вештерството и геј културата“ која е објавена во 1978-та и ги истражува хомофобичните ставови во Средниот век, кога луѓето биле обвинувани за вештерство што се должело на нивната сексуалност, односно хомосексуалност.

Во 1997 ја напиша „Критиката на патријархалниот ум“ во која тврдеше дека мизогинијата и хомофобијата влијаеле на објективни полиња на науката.