ЛезФем ја промовира книгата „Пристоен живот“

ЛезФем ја промовира книгата „Пристоен живот“

Како дел од обележувањето на 17 Мај- меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата ЛезФем организира промоција на книгата „Пристоен живот“ издадена од Лабрис организација за лезбејски човекови права од Белград.

 

Промоцијата ќе се оддржи во сабота  со почеток во 19:00 часот во ЛГБТИ центарот за поддршка кој се наоѓа во Старата Чаршија, на адреса: Лазар Танев 57 (спроти слаткарница Охрид).

 

Книгата ќе ја промовира уредничката на книгата Драгослава Барзут од Лабрис и Ирена Цветковиќ од ЛезФем.

 

„Пристоен живот“ е збирка составена од 42 кратки приказни кои ги обработуваат социјалните, емотивните и други односи и врски меѓу две или повеќе жени, релации кои општеството не ги прифаќа. Приказните со лезбејски мотиви доаѓаат од просторот на поранешна Југославија, со исклучок на Црна Гора, Косово и Македонија и се настанати во периодот од 1992 до денес.

 

По попромоција ќе следува скромен коктел и дружење.