12 May Британските затворски раководители бараат да се стави крај на војната против дрогите
Раководителите на затворите во Велика Британија велат дека е дојдено времето да се прекине „Војната против дрогите“, затоа што како како последица на ваквиот пристап кон проблемот со дрогите голем број на луѓе непотребно завршуваат во затвор.
Според Асоцијацијата на затворски гувернери (ПГА), сегашните владини политики дозволуваат контролата на достапността и квалитетот на дрогите да биде во рацете на криминалците што значи дека корисниците на дроги се приморани да занимаваат со ситен криминал за да можат да ги задоволат своите навики.
ПГА се вклучи во кампањата која ги повикува владите ширум светот да го реосмислат својот пристап кон контролата на дрогите. Кампањата, наречена „Педесет години „Војна против дрогите“, време да се пресметаат трошоците“, која е поддржана од страна на Ричард Бренсон, бара од владите да ги увидат „непредвидените негативни последици на сегашниот пристап кон дрогите“.
Претседателот на ПГА, Ион МекЛенан-Муреј, изјави: „Прохибицијата на дрогите од класата А им овозможува на криминалците да ја контролираат достапноста и квалитетот на овие дроги што резултира со впуштањето корисниците на дрога во криминал за да бидат во можност да соберат пари за својата зависност. ПГА верува дека голем дел од затворската популација е осудена за ситни криминални дела, како ситни кражби, кои се сторени поради зависноста на овие луѓе. „Војната против дрогите“ е успешна во создавањето на жртви на ваквиот вид на криминал, зголемувањето на трошоците на даночните обврзници за да се озвоможни сместување на затворската популација и во дозволувањето на криминалците да ја контролираат и да профитираат од продажбата и дистрибуцијата на дроги од класата А. Потребно е основно преиспитување на политиките кои се базираат на прохибиција и тоа претставува причината поради која ПГА ја поддржува оваа инцијатива“.
Британскиот Хоум офис спрема детална студија за тоа како другите земји се справуваат со проблемот на нелегални дроги, вклучувајќи ги и формите на декриминализација.
За да собере докази за тоа кои политики се функционални, министерот за превенција на криминал, Џереми Браун, отпатува во земји како Португалија, која претставува држава која го „депенализира“ поседувањето на мали количини на дрога.
Повикот на британските пратеници за создавање на широкоопфатна Кралска комисија, кој беше испратен порано во годинава, беше одбиен од страна на британската влада која смета дека не постои случај за „основно преиспитување на пристапот на Велика Британија“.
Вакавата одлука доаѓа во период во кој криминалните дела поврзани со дрога претставуваат единствената категорија која бележи зголемување. Минатата година Комитетот за внатрешни работи соопшти дека британските политики се неефикасни, и ја повика Кралската комисија да го разгледа ова прашање. Владата го одби овој предлог како и предлозите за декриминализација на користењето на одредени дроги, но се уште работи на преземање на други мерки.
Мартин Пувел, ко-кординаторот на кампањата, изјави: „Оние кое се инволвирани во пресметувањето на последиците од нашата пропадната војна против дрогите сакаат да ги разгледаат алтернативите на прохибицијата. Коалицијата треба да го разгледа повикот на ПГА и да побара итен детален преглед на овој проблем“.
На листата на поддржувачи на кампањата се наоѓаат поранешниот претседател на Бразил, Фернандо Енрике Кардозо и Хјуман Рајст Воч.