15 Mar Грдата вистина за војната против дрогите
Преставниците на голем број на нации оваа недела ќе се соберат на годишната средба на Комисијата за наркотични дроги при Обединетите нации за да го одредат соодветниот курс на меѓународниот одговор на проблемот со нелегалните дроги. Делегатите ќе дебатираат за различните решенија и ќе ја игнорираат вистината која се наоѓа во основата на сегашните политики на дроги: прекршувањата на човековите права во војната против дрогите се широко распространети и системски.
Разгледајте ги следниве бројки: Стотици илјади луѓе се наоѓаат во притворни центри и се предмет на насилни казни. Милиони луѓе се наоѓаат во затвор. Стотици биваат бесени, застрелувани или обезглавувани. Десетици илјади се убиени од страна владините и невладини сили. Илјадници се претепувани заради собирање на информации и мачени во владини или приватни центри за „третман“. Милиони луѓе немаат пристап до лекови кои би можеле да им го спасат животот. Ова се аларматни бројки, но кампањите кои го опфаќаат овој проблем се троми и контролата на дрогите не е во центарот на вниманието на мејнстрим движењето за човекови права.
Ова претставува критичен период за луѓето кои користат дроги, особено оние кои се зависни и оние кои се инволвирани во трговијата со дрога, без разлика дали се одгледувачи, транспортери или продавачи. Од искуство знаеме дека кога луѓето се дехуманизирани, тогаш врз нив се случуваат голем број на злоупотреби. Знаеме дека на овие злоупотреби нема да им се посвети внимание, бидејќи се помал број на луѓе се загрижени за овој проблем. Канцеларијата за дроги и криминал на Обединетите нации неодамна го опиша она што го смета за неуспех во војната против дрогите. Според нив, создаден е систем во кој луѓето кои користат дрога се турнати на маргините на општеството. Но, она што не успејаа да го спомант, а што им е очигледно на сите луѓе кои работат на полето на намалувањето на штети и реформи на законите за дрога, е фактот дека човековите права на овие луѓе се често маргинализирани и игнорирани.
Меѓународниот борд за контрола на наркотици при ОН одби да ја осуди тортурата или било која злоупотреба која се спроведува во име на контрола на дрогите, велејќи дека нема мандат за тоа. Ова е и шокантно и контрадикторно, затоа што надзорот на договорите за контрола на дрогите се наоѓа во мисијата на бордот за контрола.
Комитетот против тортура на ОН минатата година не успеа да ги осуди широко распространетите злоупотреби на лицата кои користат дроги во Руската федерација, иако постоеја силни докази за тоа. Во Русија корисниците на дрога редовно се затворани во големи групи во простории со лоши услови, со несоодветна храна и често се врзувани за креветите во траење дури и до дваесет и четири часа без прекин. На оние кои се означени како проблматични затвореници им се инјетира халопердиол кој предизвикува мускулни грчеви и болки во ’рбетот и често се измачувани и тепани со цел да бидат присилени на признание. Барањата за медицинска помош често резултираат со повеќе тепање.
Руската влада, додека ги толелерира ваквите злоупотреби, продолжува неоправадно да го забранува препишувањето на орален третман со метадон на лицата кои инјетираат хероин и други опиоиди со што допринесува за ширење на ХИВ епидемијата и ризикот од предозирање.
Во извештајот доставен до Советот за човекови права, специјалниот извествач за тортура при ОН ги осуди злупотребите на корисниците на дрога во притворните центри во Азија и повика тие да бидат затворени. Но, за ова е потребно поголемо внимание. Исто како што сега на војната против тероризмот гледаме низ призмата на човековите права, потребно е и контралата на дрогите да ја видиме како проблем кој ги тангира човековите права. Мораме да признаеме дека дека не само што злоупотребите на човековите права во војната против дрогите се широко распространети, туку тие се и системски. Тие се низбежен резултат на репресивните и нереални цели на владите да ја елиминираат достапноста и побарувачката на широко достапни производи и кои не покажуваат никаква толеранција на човечкото поведение.
Системските проблеми бараат системска промена. Неодамна, беше најавено одржување на посебна сесија за дроги на Генералното собрание на ОН која треба да се случи во 2016-та. Тоа претставаува шанса да се разгледа системот за контрола на дроги. Како што се приближува 2016-та, крајно време е движењето за човекови права да преземе водечка улога во повикот за ставање крај на војната против дрогите и да повика на развој на политики на дроги кои ги унапредуваат човековите права.
Автори:
Фернадно Енрике Кардозо, поранешен претседател на Бразил и претседавач на Глобалната комисија за политика на дроги
Рут Драјфус, поранешна претседателка на Швајцарија и министерка за внатрешни работи, членка на Глобалната комисија за политика на дроги
Извор: http://www.nytimes.com/2013/03/11/opinion/11iht-edcardoso11.html