Нова ТВ: Во Македонија не се почитуваат правата на пациентите

Нова ТВ: Во Македонија не се почитуваат правата на пациентите

– Законот за заштита на правата на пациентите нуди механизми за заштита но тие не се почитуваат во пракса

 

-Најдискриминирани се маргинализираните групи

 

-Нема протоколи за лекување на зависниците со метадонска терапија, а протоколот за лицата со ХИВ/СИДА е застарен и не е во тек со современата медицина

 

-Болниците немаат формирано комисии и правни советници, а таму каде што ги има не функционираат

 

Пациентите најчесто се жалат бидејќи не се почитуваат нивните права Ова осоебно се однесува на маргинализираните групи: ЛГБТ популацијата, зависниците од дрога, лицата кои што живеат со ХИВ/СИДА и сексуалните работници. Најголем проблем за зависниците од дрога е што многу од нив неможат да се лекуваат, немаат постојан треман бидејќи недостасуваат центри за нивно лекување.

 

Како да се следи квалитетот на здравствената услуга, има ли некој стратешки пристап као тоа да се направи?

 

Ние неодамна направивме анализа на законот за заштита на права на пациентите со фокус на механизмите за заштита и контрола на квалитет.

 

Законот за заштита на правата на пациентите нуди многу можности и заштитни механизми но тие не се применуваат во праксата. Во него е предвидено болниците да формираат етички комисии и комисии за следење на контрола на квалитет, како и правни советници.
Во повеќето болници тие комисии не се формирани, а таму каде што ги има не функционираат.
Законот иако е донесен во 2008-ма година сеуште не се применува вистински.
Има ли механизми на заштита во делот на правото за второ мислење од лекар и тоа да се направи транспарентно без да се навреди лекарот кој ја поставил дијагнозата?

 

Самиот закон не дава прецизни насоки што да направиме за да добиеме второ мислење, без да бидеме изложени на суетата од нашиот лекар.

 

Анализата покажа дека има потреба од дорегулирање на законот особено во делот за добивање на второ мислење.

 

Како може да се мери квалитетот на здравствената услуга кога здравството е во тешка состојба, во болниците недостасуваат финансиски средста, лекови?

 

Во Европа постојат максимум и минимум стандарди со кои може да се следи квалитетот на здравствената услуга. Според тие стандарди домашното законодавство треба да подготви протоколи според условите со кои располага,а со кои понатаму ќе се раководат лекарите.

 

За целните групи со кои работиме ние имаме сознанија дека постојат само протоколи за лекување на зависниците со метадонски третман и за новороденчињата од мајки зависници.

 

За лицата со ХИВ/СИДА има еден протокол од 2005-та година кој што не е обновен, не е со новите текови во медицината, не е објавен во службен весник и нема правно обврзувачка сила.

 

Автор: Менче Атанасова Точи

Прземено од: Нова ТВ