Укината забраната за посвојување од страна на вториот родител во истополовите партнерства

Укината забраната за посвојување од страна на вториот родител во истополовите партнерства

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во случајот „Икс и други против Австрија“ и одлучи дека австрискиот граѓански закон врши дискриминација на партнерите во истополова врска со тоа што не им дозволува правно да го посвојат биолошкото дете на својот партнер додека во исто време дозволува посвојување од страна на вториот родител кај невенчаните хетеросексуални парови.

 

Организациите кои доставија пишани пријави за овој случај (Меѓународната федерација за човекови права, Интернационаланта комисија на правници, Европскиот регион на ИЛГА, Британската асоцијација за посвојување и згрижување, Мрежата на асоцијации на европските ЛГБТ семејства и Европската комисија за правото поврзано со сексуалната ориентација) ја поздравија оваа одлука и сметаат дека е исклучителна пресуда со која Европскиот суд за човекови права го практикува законот за еднаков третман на немажените парови кај истополовите двојки кои аплицираат за посвојување од страна на вториот родител.

 

Децата во истополовите семејства се крајно ранливи поради недостигот на правното признавање и неможноста да воспостават правни врски со нивните два родитела.

 

Во моментот, посвојувањето од вториот родител е можно во единаесет европски земји: Белгија, Данска, Финска, Германија, Исланд, Холандија, Норвешка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Нови закони со кои тоа ќе се дозволи се планираат во Франција, Луксембург и Швајцарија. Заради одлуката на судот, законите во Австрија, Андора, делови од Босна и Херцеговина, Лихтенштајн, Португалија и Романија ќе бидат променети за да им се дозволи на истополовите двојки да аплицираат за посвојување од страна на вториот родител, затоа што овие земји веќе дозволуваат невенчаните хетеросексуални парови да го направат тоа.

 

Мартин К. И. Кристенсен, ко-претседател на извршниот борд на ИЛГА-Европа изјави:
„Ова преставува значајна победа за нехетеросексуалните семејства во Европа. Се надеваме дека оваа пресуда ќе го поплочи патот на отстранувањето на преостанатите правни бариери за овие семејства во Европа. Недостатокот на признавање и неможноста на партнерите во истополовите семејства да воспостават правни врски со своите деца не само што е дискриминаторски и создава бројни правни несигурности, туку, исто така, има особено влијание на секојдневните животи на овие семејства и добросостојбата на децата во нивните рамки. Приципот за најдобар интерес на детето треба да биде поддржан без исклучоци“.

 

Али Јернов, постар правен советник во рамките на Интернационална комисија на правници, изјави:
„Со денешната одлука, Судот одреди дека семејствата се семејства без разлика на полот на родителите и дека бариерите за правно признавање и заштита врз основа на сексуалната ориентација не им служат на интересите ниту на родителите, ниту на децата.“

 

Соулаир Белхасен, претседател на Меѓународната федерација за човекови права, рече:
„Судот го призна правото на партнерот од истополов пар да може да го посвои биолошкото дете на друг партнер во случај да таквото право го уживаат хетеросексуалните парови. Ова е важен чекор во практикувањето на приципот на недискриминција врз основа на сексуаланта ориентација и зајакнување на правната сигурност на децата.“

 

Јуха Јемсе, потпретседателот на Мрежата на асоцијации на европските ЛГБТ семејства, изјави:
„Ова е важен ден за европските ЛГБТ семејства. Се надеваме дека овој случај ќе води до тоа правата на нашите деца да бидат повеќе призаени во рамките на Европа. Ниту една група на деца не треба да биде дикриминирана поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет на своите родители.“