Поради анти-геј законот, Венеција ги прекина културните врски со Санкт Петерсбург

Поради анти-геј законот, Венеција ги прекина културните врски со Санкт Петерсбург

Италијанскиот град Венеција го прекина културното партнерство со Санкт Петерсбург поради анти-геј законот кој пред една година беше усвоен во рускиот град.

 

Поради истите причини, уште минатиот ноември општинскиот совет на Венеција ја разгледуваше можноста да го прекине партнерстовото со овој руски град.

 

Законот, кој ја изедначува хомосексуалоста со педофилијата, беше усвоен на 29-ти февруари минатата година и покрај тоа што двесте и седумдесет илјади лица ја потпишаа онлајн петицијата против донесувањето на ваков закон.

 

Реферирајќи на венециската историја, меѓународниот престиж и свесност, градскиот совет на Венеција соопшти дека ќе се воздржи од културната размена се додека анти-геј саконот е на сила, пишува Скотсмен.

 

Венеција и Санкт Петерсбург имаат потишано договор за билатерална соработка во 2006-та, но членовите на советот Симон Вентурини и Камелија Сеибеци приложија предлог тој да биде раскинат. Во следните неколку дена ќе се одржи расправа по ова прашање.

 

Исто така, поради истиот проблем минатата година Милано ја прекина соработката со Санкт Петерсбург.

 

Минатиот петок руската Дума во усвои првото читање на предлог-законот за хомофобична цензура со која се предвидуваат федерални санкции за промоцијата на „геј пропаганда“ сличен со законите усвоени во неколку региони во Русија вклучувајќи го и Санкт Петерсбург.