Рускиот анти-геј закон пројде на првото читање

Рускиот анти-геј закон пројде на првото читање

Минатиот петок руската Дума го усвои првото читање на хомофобичниот предлог-закон со кој ќе бидат воведени федерални санкции за промоцијата на „геј пропаганда“.

 

Иако минатиот четврток предлог-законот беше вратен во подготвителена фаза со образложение дека е потребна понатамошна дискусија, тој помина на првото читање.

 

Триста осудесет и осум члена на Думата гласаа за хомофобичниот предлог-закон, еден гласаше против, а еден беше воздржан. Останатите шеесет членови воопшто не гласаа. Комитетот за семејство, жени и деца сега има задача да го подготви законот за неговото второ читање.

 

Предлог-законот кој беше поднесен минатиот март предвидува казни за „поромоција на хомосексуалност“ помеѓу деца во висина од 4000 до 5000 рубљи за индивидуи, од 40 000 до 50 000 рубљи за службени лица и од 400 000 до 500 000 рубљи за фирми.

 

Слични закони досега биле усвоени на регионално ниво во десет различни области во Русија, но со овој закон промените ќе бидат правосилни на национално ниво.

 

Со законот се предвидува полицијата да биде овозможена да пишува административни извештаи за прекршувањата на законот кои подоцна ќе се разгледуваат од страна на судовите.

 

Предлозите за амандманите ќе бидат примани до 25-ти мај кога ќе биде формирана работна група со цел да ја финализира неговата целосна верзија.