Австралија ќе ја забрани хомофобијата во спортот

Австралија ќе ја забрани хомофобијата во спортот

Хомофобичните извикувања од страна на гледачите, хомофобичните навредувања помеѓу играчите на теренот и малтретирањето во соблекувалните, според предлог-законот за човекови права и антидискриминација на австралијанската влада, ќе бидат наскоро забранети во земјата.

 

Законот ќе ги опфати сите досегашни национални заштитни мерки од дискриминација во Австралија во единствен закон и за првпат во земјата ќе ја забрани дискриминацијата врз основа на сексуалност и родов идентитет на национално ниво.

 

Претседателот на австралиската комисија за човекови права и еднакви можности, Гилиам Тригс, минатиот петок предупреди дека играчите, тренерите и гледачите ќе мора да се однесуваат одговорно.

 

„Злоупотребата на теренот или злоупотребата од страна на гледач во соодветен случај ќе се смета за прекршок“- изјави Тригс за весникот Лтд.

 

„Тоа би можело да се случи на аматерски меч, но тоа значи дека сепак се случило во јавната свера… Доколку тренерот се однесува хомофобично, доколку некој играч нарече „педер“ и му го згорчува животот во соблекуваланата и целсоно го деморализира, тоа ќе се смета за злоупотреба и во краен случај дискриминација на работното место“- вели Тригс.

 

Со промената на законот, хомофобичното однесување ќе се третира со иста тежина како што во моментот се третира расистичкото однесување на спортските терени во Австралија.

 

Меѓутоа австралиската влада им вети на верските групи дека нема да им биде укината првилегијата правно да дискриминраат кое било лице кои тие сметаат дека е инкомпатибилно со нивата вера.

 

Ова значи дека верските групи кои управуваат со болници, приватни училишта, пензионерски домови, банки и компании за осигурување ќе продолжат да отпуштаат, да одбиваат да вработат и да нудат услуги на лица кои се геј или лезбејки.

 

Извор: Gay Star News