Нова студија ја откри илјадагодишната кинеска толеранција на хомосексуалноста

Нова студија ја откри илјадагодишната кинеска толеранција на хомосексуалноста

Кинескиот социолог Пан Гуандан го документираше социјалното прифаќање на истополовите врски во Кина кое има илјадагодишна традиција. Тој сугерира дека толеранцијата на ЛГБТ лицата може да повторно да биде на исто ниво во НР Кина.

 

Пан го откри овој факт додека од англиски на кинески ја преведуваше книгата на Хевлок Елис „Психологијата на сексот“ објавена во 1933-та година. Елис бил првиот психолог кој напишал медицинска книга за хомосексуалноста и книгата го инспирирала Пан да ги види наодите за хомосексуалноста во кинсеките историски документи.

 

Весникот Чајна Дејли објави дека Пан нашол голем број на докази дека Кинзеите биле свесни за истополвите врски и дека многу истополови парови живееле отворено во јавноста.

 

Пан го пронашол најраното споменување во писанијата на Шанг династијата (од 1600-та пред наша ера до 1046-та пред наша ера) во која што сексот помеѓу мажи и млади луѓе претставувал криминален чин според кој судовите ги казнувале граѓаните. Но, во следната Џоу династија (од 1046-та пред наша ера до 256 -та пред наша ера) хомосексуалноста станала поприфатена. Во тој период поговорката која вели дека мажите кои изгледаат добро можат да ги оттгрнат императорите од мудроста на старите умови станала распространета низ Кина.

 

Пан прoнајде и друга сторија во пролетските и есенските владини анали на Лу кои го покриваат периодот помеѓу 722-та и 481-та година пред наша ера, наречена „Пријатно гушкање од позади“ во кои згоден маж се заканува дека ќе убие државен службеник кој го обожува, но бил предупреден дека е погрешно да убие личност само поради тоа што таа го обожува. Наместо тоа, мажот му дозволил на службеникот да го „гушне отпозади“.

 

Пан нашол доказ дека се верувало дека скоро секој император на Кина за време на Западната Хан династија (206-та година пред нашата ера до 24-та година од нашата ера) имале машки љубовници.

 

Од популарната приказна за императорот Аи (27-та година пред наша ера до 1-та година од нашата ера), во која тој вели дека си го исекол едниот ракав за да избегне да го разбуди својот љубовник, произлегол терминот „Симпатија на исечениот ракав“ – еуфемизам за истополовите врски кој се уште се користи во Кина.

 

Во времето на династиите Минг и Чинг (од 1368 -та 1911-та година) хомосексуалните карактери биле популарни во литературата, а за време на Чинг динстијата била напишана првата книга на кинески јазик во која протагонистот бил геј маж.

 

За време на Чинг династијата се верувало дека постои посебен бог кој ги чува геј луѓето. Во оваа ера кинезите почнале да го препознаваат постоењето на лезбејските врски и во јужните провинции на Кина станало прифатено женските парови да живеат заедно.

 

Податоците до кои до дошол Пан се објавени во додатокот на кинеското издание на книгата на „Психологија на сексот“ од Елис.