12 Jul Презвитерианската црква воведе геј служба
Презвитерианската црква во САД, која има два милиони членови, минатата недела за прв пат почна со служба на геј свештеници кои не се на целибат.
Црковните делегати на конвенцијата во Минеаполис минатата година се согласија да им овозможат служба на геј свештеници кои не се на целибат, но го одбија менувањето на дефиницијата на бракот во која би биле вклучени геј и лезбејски парови. Промената требаше да биде ратификувана од страна на поголемиот дел од 173-те презвитариуми на црквата во САД, пред да стапи на сила.
Одлучното гласање се случи во мај, кога либералниот презвитериум Св. Павле во Минеаполис со големо мнозинство ја одобри промената која стапи на сила мината недела.
Пред да биде усвоена оваа промена, црквата бараше од свештените лица или да бидат во моногамен хетеросексуален брак или да бидат на целибат. Со новата промена се отстранува какво било споменување на сексуалноста.
Неодама, и други протестантски цркви во САД ја дозволија службата на геј свештеници, вклучувајќи ги и Епископската црква, Евангелско-Лутеранска Црква во Америка и Обединетата Црква Христова.
Хиротонијата на двајца геј епископи ги натрера конзервативците да се одделат од Епископска црква и формираат своја.