Во петок запопочнува осмото издание на фестивалот Ѕуница

Во петок запопочнува осмото издание на фестивалот Ѕуница

Осмото издание на филмскиот фестивал Ѕуница посветен на филмови кои третираат ЛГБТ теми ќе биде отворен овој петок, 21-ви декември, во 19:30 часот во киното Фросина во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен со перформанс на Билјана Космогина, а потоа во 20:00 часот ќе биде прикажан „Џошуа Три, 1951 г.: Портрет на Џејмс Дин“.

 

Следниот ден, во сабота на 22-ри декември во киното Фросина во 20:00 часот, ќе биде прикажан филмот „Младите мудреци“ во режија на Стивен Коун кој ја третира приказната на тројца другари тинејџери во една баптистичка црковна заедница во Чарлстон, Јужна Каролина. По малку комедија и драма, „Младите мудреци“ е приказна за растењето на ликовите што ги играат инзворедно талентираните млади актери.

 

Во недела, 23-ти декември, во киното Фросина ќе биде прикажан филмот „Гејбенце“ од 2012-та во режија на Џонатан Лизеки. „Гејбенце“ претставува безочна комедија за пријателството, растењето, сексот, осмаменоста и семејството кое го избираме. Во понеделник на 24-ти декември во 20:00 часот во Менада ќе бидат прикажани филмовите „Во мојата кожа“ на Џенифер Гиломен и хрватскиот „Животот не е хавајска песна“ на Дана Бидисављевиќ.

 

 

Фестивалот е во организација на здружението ЕГАЛ – Скопје чија цел е подигнување на сексуалната култура и здравје, како и културата на живеење на ЛГБТ лицата. Фестивалот Ѕуница се одржува по осми пат и има цел да ја подобри и зголеми ЛГБТ културата на ЛГБТ заедницата во Македонија.

 

Програмата на фестивалот можете да ја проследите на следниов линк: http://egal.org.mk/