17 Jun Нова иницијатива за сексуална работа во Боцвана
Една нова иницијатива на сексуалните работници во Боцвана во својата програма вклучи и лезбејкска, геј, бисексуална, транссексуална, интерсексуална и квир (ЛГБТИК) компонента. Целта на коалицијата е да се стави крај на повредите на човековите права на сексуалните работници.
“Причината поради која се вклучени нетрадиционални сексуални ориентации е затоа што тие се сексуални малцинства и како сексуални работници се чувствуваме многу удобно кога работиме со нив, исто така тие се дел од сексуалната работа”, рече Кјомја Меклин, регионалниот координатор на Африканската алијанса на сексуалните работници.
Декриминализацијата на сексуалната работа и поддршката од граѓанското општество ќе го подигне капацитетот на сексуалните работници да е зборуваат и да дејствуваат во свое име, преку партнерства со постојните организации во кои што на сексуалните работници не им се дава простор.
Сексуалните работници досега беа исклучени од главните форуми и ова партнерство ќе им овозможи на сексуалните работници кои се идентификуваат како припадници на нетрадиционални сексуални ориентации јавно да ја декларираат својата ориентација, и организациите кои се занимаваат со сексуална ориентација и родов идентитет да создадат платформа за дискусија. Тие можат да стравуват од дискриминација, бидејќи се веќе стигматизирани поради тоа што не во согласност со социјалните норми.