ЛГБТ филмски фестивал во Индија по втор пат

ЛГБТ филмски фестивал во Индија по втор пат

Кашиш, најистакнатиот ЛГБТ филмски фестивал во Индија, се одржува и оваа година. Второто издание на овој најголем индиски ЛГБТ настан беше отворен во средата вечер во Мумбаи.

На фестивалот кој беше стартуван минатата година, како прв до сега индиски мејнстрим ЛГБТ филмски фестивал, беа прикажани 109 квир филмови од целиот свет во текот на четири дена. Оваа година организаторите го кренаа бројот на 123 филмови, кој ќе се прикажуваат до 29-ти мај.

Во својот говор на отворањето, директорот на фестивалот Сридар Рaнгајан изјави: – Оваа година имаме огромна колекција на филмови од целиот свет и неколку стимулативни трибини за нашата публика.

Поддршка за квир заедницата во Мумбаи постепено се зголемува, а фестивалот Кашиш помина долг пат во подршката и промовирањето на квир филмови и нивните режисери, како што вели Рaнгајан – користејќи го киното како средство за да се разбере она што значи квир денеска.

Настрана од проекциите на филмови, на Кашиш, исто така, беа организирани и дискусии, дружења со филмаџиите и голем број на други културни активности, со цел зголемување на јавната свест за заедницата кој премногу долго беше во сенка.