Во Скопје одбележан Трансродовиот меморијален ден

Во Скопје одбележан Трансродовиот меморијален ден

Трансродовиот меморијален ден беше одбележан и во Скопје со симболична акција од страна на активистите здруженијата ЛГБТ Јунајтед и Женска Алијаса. Активистите поставија транспарент и запалија свеќи на влезот од Старата скопска чаршија во знак на сеќавање на жрвите на трансфобијата.

 

– Како низ целиот свет, и ние решивме симболично да го обележиме овој ден. Сакавме да се потсетиме на сите трансродни лица кои низ историјата биле убиени токму поради својата трансродност – вели Беким Асани, извршен директор на здружението ЛГБТ Јунајтед.

 

Асани потсети дека трансродовите лица во Македонија живеат во мизерни услови.

 

-Тие се приморани да живеат двоен живот и својата трансродовост да ја чуваат во тајност. Тие се постојано дискриминирани и непризнаени од страна мнозинството во заедницата во која живеат. Од сите групи кои спаѓаат во категориите на поимот ЛГБТ, трансродовите лица претставуваат општествено најзагорзена група – додаде Асани.

 

Трансродовиот меморијален ден се одбележува на 20-ти ноември и претставува ден посветен на сеќавањето на сите кои лица кои биле убиени како резултат на трансфобијата или стравот и омразата кон транродовите лица и лицата кои не се конформираат кон постоечките родови категории. Целта на денот е да го потеценира насилството врз трансродовата заедница.