07 Mar Сексуалните работници маршираа за човековите права
Во неколку африкански земји, вклучувајќи ги Боцвана, Кенија, Мозамбик, Нигерија и Зимбабве се одржаа маршеви со кои беше одбележан Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници. Во Јужна Африка, маршеви се одржаа во Јоханесбург, Кејптаун и Мусина.
Маршот беше предводен од страна на Sex Workers’ Education and Advocacy Task Force (Sweat) и Sisonke Sex Workers Movement, организации што се борат за човековите права на сексуалните работници.
Голем број од демонстрантите на маршот носеа маски за да се заштитат од стигма, вели Kholi Buthelezi, националниот директор на Sisonke .
Учесниците се сретнаа со полицијата во централната полициска станица во Јоханесбург за да и престават меморандум.
Загриженоста изразена во меморандумот се однесува на полициската бруталност врз сексуалните работници, сексуалните прекршоци извршени од страна на полицијата, како и молба да се истражат некои од кривичните дела извршени од страна на полицијата.