Плус еден маж, минус една жена во Македонија

Плус еден маж, минус една жена во Македонија

Уредено од Кристина Озимец

Преземено од Face the Balkans

 

Лука бил роден како девојче, но секогаш се чувствувал како момче заробено во тело на девојка. За повеќето луѓе, границата помеѓу машко и женско е очигледна, строга и кристално јасна. Но, не i за Лука. За Face the Balkans, овој млад маж анонимно ја споделува својата приказна за промена на полот, дискриминацијата и транзицијата низ која поминал.

 

Се започна кога имав четири години и кога ја прашав мајка ми зошто докторот кој ме породил ми го отсекол пенисот. Таa беше изненадена, но мислеше дека е период кој ќе помине. Подоцна кога имав пет години, и кажав дека ќе се убијам, доколку до следната година немам пенис.

 

Постоеа периоди во мојот живот во кои јас бев нормално дете, играв кошарка или фудбал со машкoто друштво, се тепав… тоа беше нормално за мене, но подоцна сфатив дека тоа не се смета за нормално во општеството. Кога имав единаесет години, се заљубив во девојка. Почнав да се прашувам како може да сакам девојка кога имам женско тело. Моето име беше Кристина, но дури и тогаш се чувстував како моето вистинско име да е Лука.

 

Почнав да го пребарувам интернетот. Запознав трансродова личност, која ми ги отвори очите за да сфатам кој сум јас навистина. Тогаш станав уште повеќе збунет, бидејќи не знаев како да им кажам на родителите дека се чувстувавм како маж. Направив глупава грешка и побегнав од дома. Моите ме фатија. Тоа беше моментот кога им кажав дека не се чувствувам како девојка, дека сум момче заробено во женско тело, и дека ќе се самоубијам доколку не го променам телото на некој начин…

 

Татко ми ме подржуваше уште од почетокот. За мајка ми тоа беше потешко, но и таа почна да ме прифаќа по мојата транзиција. Татко ми беше оној кој ми кажа дека треба да одиме на доктор. Бев на психијатар во Македонија, но само еден пат. Тој се обиде да го најде скриеното девојче во мене. Никогаш не се вратив.

 

Во Македонија, не постојат обучени доктори за промена на полот. Затоа отидов во Белград и таму ја започнав мојата транзиција. По седум месеци хормонска терапија, направив операција за отстранување на моите гради. Шест месеци подоцна, направив уште една операција. Се вратив во Македонија и се обидов да го сменам маркерот за пол во мојата лична карта. Не успеав. Македонија нема закон со кој се регулира промената на полот. Побараа документ во кој три различни доктори потврдуваат дека сум маж. Беше многу смешно кога отидов на гинеколог. Таа беше изненадена што гледа маж во нејзината канцеларија.

 

Луѓето од мојот град ми  велеа дека сум идиот и ментално болен. Секогаш изгледав како момче, се облекував како момче и носев кратка коса. По промената на полот се случија големи промени на моето лице. Тоа почна да изгледа повеќе машки и мојот глас стана подлабок. Кога првпат се појавив во мојот град Делчево, луѓето беа негативни, но тоа се промени. Потрошив многу време во објаснување што е тоа трансродово лице и како јас се чувствував. Верувам дека навистина си го променија мислењето.

 

Целото патешествие на промената на полот го истетовирав на различни делови од моите раце. Постои линија од мојата земја до Белград, местото каде што се пронајдов себе си. Тетоважата претставува крај на периодот во кој живеев и почеток на новиот период – вистискиот јас.

Денеска ми се допаѓаат сите луѓе… Излегувам со другарите, одам во шопинг, учам, спијам… Заљубен сум и имам девојка. Порано мразев огледала, но сега ги обожавам (се смее). Сега си го сакам телото.

Конечно го најдов мирот во мене. Смирен сум, се чувствувам подобро, не сум агресивен повеќе, а порано бев многу агресивен. Се повредував себе си. Повеќе од дваесет пати се обидов да се самоубијам. Се обидов дури и да скокнам од мост. Сепак внатрешниот дух во мене секогаш ме молеше за шанска за живот. Среќен сум што му дадов шанса да живее.

 

Цврсти факти: ЛГБТ во Македонија

 

– Негативниот тренд во врска со ЛГБТ лицата продолжува во Македонија, земја која се наоѓа на дното на листата на Европски земји во однос на почитувањето на правата на ЛГБТ луѓето.

 

– Во Македонија се уште постојат многу учебници наменети за средно учулиште и факултет кои ја дефинираат хомосексуалноста како „болест, метална заболеност, грев“ или пак како „негативна појава во сексуалниот живот на човекот“

 

– Законот за антидискриминација во Македонија не ја вклучува сексуалната ориентација како причина за дискриминација. Владата продолжува да го брани овој став.

 

– Градот Скопје по втор пат го поддржа моторџискиот фестивал каде што на „педерите“ (навредлив збор за хомосексуалците) им беше забранет влез.

 

– Македонија се уште нема створено медицински услови за лицата кое сакаат да ги го променат полот, па се принудени да патуваат во други земји, најмногу Србија. Во земјата, исто така, не постои закон со кој се регулира промената на полот.

 

– Многу медиуми блиски до Владата постојано објавуваат хомофобични, навредливи и дискриминаторски текстови за ЛГБТ лицата. Неодамна еден дневен весник на својата насловна страна објави текст со наслов „Геј браковите нама да бидат дозволени во Македонија“ и го илустрираше со сцена од геј порно филм.

 

– Во октомври 2012-та, првиот центар за подршка на ЛГБТ лицата беше отворен во Старата Скопска Чаршија. Осум часа подоцна, центарот беше каменуван од непознати сторители.