Интернационалната комисија за човекови права на гејовите и лезбејките се солидаризира со македонските групи за човекови права во спротиставувањето на владината хомофобична кампања

Интернационалната комисија за човекови права на гејовите и лезбејките се солидаризира со македонските групи за човекови права во спротиставувањето на владината хомофобична кампања

Како одговор на инфомациите добиени од две македонски организации, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Мрежата за заштита од дискриминација, Интернационалната комисија за човекови права на гејовите и лезбејките ја осудува неодамнешната кампања на хомофобична и трансфобична омраза започната од Спиро Ристовски, македонскиот Министер за труд и социјална политика.

 

На 12-ти октомври, за време на настаните поврзани со прославата на Меѓународниот ден на женското дете, Министерот ги нападна лезбејските, геј, бисексуални, трансродови и други форми на не-хетеронормативни семејства тврдејќи: „Не сакам дури и да дискутирам за прашањето за дозволувањето на хомосексуалните парови да посвојуваат деца, затоа што верувам дека децата треба да се воспитуваат правилно, да растат и да се развиваат во брак на мајка и татко во вистинска и биолошка смисла на зборот“.

 

По забелешките на Министерот Ристовски, започна кампања на провладините сојузници. Дневниот весник Вечер и провладиниот веб-портал Курир објавуваа серија хомофобични и трансфобични текстови на своите насловни страни во следните четири дена. Групата позната како Асоцијација на социјални работници на Градот Скопје одржа прес-конференција во која обвини дека ЛГБТ семејствата ќе им наштетат на децата. Здружението на пензионери и Спортската федерација одржаа прес-конференции со истата цел. Застапниците за ЛГБТ правата беа цел на јавни закани, какви што се забелешките на десничарскиот телевизиски шоумен Миленко Неделковски кој ги постираше на својот Фејсбук профил: „Педерите имааа многу активен ден вчера?! Каде и да ве начекам, ќе ве клоцам и шамарам“.

 

ЛГБТ активистите беа мета и на физичко насилство. Македонските медиуми објавија дека на 21-ри октомври две лица го нападнале претседателот на ЛГБТ Јунајтед Македонија при неговото враќање кон својот дом. Тој слушнал лица како викаат „педер“, хомо“ и „ќе умреш“. Тој се обидел да побегне, но насилниците го фатиле и почнале да го тепааат. Тој едвај успеал да побегне за да побара помош и да го пријави случајот во полиција.

 

Македонските заштитници на човековите права шпекулираат дека промовирањето на хомофобичен и трансфобичен говор на омраза се користи како алат за мобилизирање на конзервативното гласачко тело на следните локални избори, како што тоа беше случајот во 2006-та.

 

„Наместо да се фокусира на оттргување на вниманието на јавноста, Владата на Македонија ќе има поголема полза доколку го искористи Меѓународниот ден на женското дете во разгледување на вистинските закани на женските деца, како супстандардните услови во училиштата, традиционалните родови улоги и родовото насилство. Го потсетуваме Министерот Спиро Ристовски дека како јавен службеник, неговата одговорност е да ги почитува, заштитува и исполнува правата на сите македонски граѓани без разлика на нивната сексуална орниетација или родов идентитет. Ширењето омраза на ден посветен на човековите права е целосно промашување на целта на тој ден“ – Џесика Стерн, извршен директор на Интернационалната комисија за човекови права на гејовите и лезбејките.