22 Oct Истражување покажа дека 3,4 проценти од возрасните Американци се идентификуваат како ЛГБТ
Ново истражување, кое се смета за најголемото истражување од овој вид, покажа дека најмалку 3,4 проценти од Американците се идентификуваат како лезбејки, гејеви, бисексуалци или трансродови лица.
Истражувањето беше спроведено од Галуп и институтот Вилијамс и се базира на интервјуа со повеќе од сто дваесет и една ијлада лица.
Според истражувањето, кое беше спроведено помеѓу јуни и септември оваа година, 4,6 проценти од афро-американците биле ЛГБТ, заедно со 4 проценти од латино популацијата, 4.3 проценти од азијатите и 3,2 проценти од белците.
Демографот Гери Кејтс, правниот институт Вилијамс при Универзитетот на Лос Анџелес, изјави: „Современите медиуми често ги портретираат ЛГБТ лицата како урбани, богати и бели мажи. Но, податоците откриваат дека, релативно со генералната популација, ЛГБТ популацијата има поголема пропорција на лица кои не се белци и кои не се богати.“
Истражувањето покажа дека постојат повеќе шанси лицата со мали приходи да се идентификуваат како ЛГБТ.
Гејтс изјави за ОутКју Њуз дека разликите во расните линии помеѓу белите и небелите ЛГБТ Американци биле „едно од најинтригантните резултати од истражувањето“.
Истражувањето покажа дека 44 проценти од возрасните ЛГБТ лица биле подржувачи на Демократската партија, доколку само 13 проценти биле за Републиканската.
Помеѓу лицата на старост од 18 до 29 години, 8,3 процнети од жените се идентификувале како ЛГБТ во споредба со 4.6 проценти од мажите на иста возраст.
Кај постарите лица постојат повеќе шанси да бидат поотворени во врска со нивната сексуалност.
Според семејниот статус, 20 проценти од ЛГБТ лицата рекле дека се во брак, а 18 проценти изјавиле дека живеат со нивните партнери.