18 Oct Боксерот Орландо Круз сака да биде првиот геј светски шампион
Порториканскиот боксер Орландо Круз вели дека јавно ја соопштил својата хомсексуална ориентација, бидејќи сака да стане привиот геј светски шамппион.
Круз, кој е рангиран на четвртото место во лесната категорија од страна на Светската Боксерска Организација, јавно ја соопшти својата сексуална ориентација на 4-ти октомври, опишувајќи се себе си како „горд геј маж“.
Триесет и едно годишната спортска ѕвезда зборуваше за своето каминг аут искуство, признавајќи дека се консултирал со психолог, поради тоа што бил „исплашен и нервозен“ од својата одлука.
„Мајка ми е мојот најдобар пријател и првата личност на која и кажав“ – изјави Круз за Би Би Си.
„Таа ми рече: немој да се грижиш, Орландо, јас ќе те поддржувам. Татко ми беше хомофобичен, но сега тој е среќен поради мојата одлука. Реакциите во Порто Рико, исто така, беа добри“.
„На секој кој се наоѓа во слична позиција, би му порачал да зборува со своето семејство и пријатели, да побара стручна помош и да биде среќен“.
Круз додаде дека тој јавно ја соопшти својата сексуална ориентација со цел да стане првиот геј светски шампион.
Тој почнал да боксува на својата седумгодишна возраст, а неговата кариера започнала со неговата селекција во Порториканскиот олимписки тим на игрите во Сиднеј во 2000-та.
Тој дебитираше како професионалец во 2000-та и ја доби првата светска титула во 2008-та.
Американскиот боксер Емил Грифит, светски шампион во средна категорија кој боксуваше во педесетите и шеесетите, јавно соопшти дека е бисексуалец по завршувањето на неговата кариера.
Во Велика Британија, Чарлс „Пинк Паундер“ Џоунс стана првиот геј маж кој се натпреварува во таканаречениот „вајт колар“ бокс кој претставува алтернатива на аматерскиот и професионален спорт во кој канцелариски службеници тренираат за специјални настани.
Следната борба на Круз е закажана на 19-ти октомври против мексиканецот Џорџ Пазос во која тој ќе ја брани својата титулата во Северно Американската Боксерска Организација.