25 Sep Семинар „КОНТРА-ЈАВНОСТ-квир активизам, национализам и јавниот простор“
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во соработка со Квир Загреб (Загреб) и Центарот за квир студии (Белград) го најавуваат почетокот на петдневниот семинар насловен „КОНТРА-ЈАВНОСТ-квир активизам, национализам и јавниот простор“ кој ќе се одржува од 26-ти до 30-ти септември во Скопје, Македонија.
Семинарот е дел од поширок колаборативен проект насловен “COUNTERPUBLICS: Re-enacting Communities, Queering Nationalisms” кој претставува едногодишен проект чија главна цел е да создаде поширок регионален фронт кој ќе се спротистави и ќе ја преиспита хегемонистичката хетеронормативна и националистичка дистрибуција на видливоста во јавните протори и заедницата преку усовршувањето на капацитетите, зајакнување на знаењето и колаборативната креација на стратегии на отпор на квир активистите за човекови права во регионот.
Иако семинарот е од затворен карактер, предавањата од семинарот ќе бидат стримувани на интернет така што секој кој е заинтерeсиран за темата ќе може да ги слуша на http://www.radiomof.mk/koalicija/ и на vozivo.mk
Стримингот е во соработка со МОФ радио.
Настанот е поддржан од програмата EAST-EAST Beyond Borders
Распоред на предавањата:
„Уметност, политика, санитарност, сексуалност“ – Јасна Котеска
27.09. 2012, 11.00 часот
Предавањето Уметност, политика, санитарност и сексуалност е замислено како еклектичка работилница на која ќе се преиспитаат неколку феномени тесно врзани за уметноста и политиката: санитарност, сексуалност, религија, национализам, сетила, тела, активизам, авангарда, минијатуризација, тероризам. Темите ќе бидат проследени со видео извадоци и фотографии. Работилницата не е замислена како напор за градење системска теорија, туку како можност за заеднички разговор, фантазија, преиспитување и трагање.
Јасна Котеска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа работи во доменот на теориската психоанализа, родовите студии и литературната теорија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Санитарна енигма“ (2006) и „Комунистичка интима“ (2008). Во моментов работи на статусот на траумата во пред-Фројдовската ера.
„Левицата и геј еманципацијата“ – Душан Маљковиќ, Србија
28.09.2012, 11.00 часот
Врската помеѓу левицата и „геј еманципацијата“ во современа политичка смисла започнува од француската револуција каде за прв пат законски се аболира хомосексуалниот чин, претпоставено и под влијание на либерационистичките мисли на Markiz de Sad, кој прв во добата на просфетителството ги изедначува разнополниот и истополниот секс.
Понатаму левичарската агенда варира од хомофобичниот став на Енгелс и далеку по внимателниот на Маркс (кому Магнус Хиршфелд, еден од првите хомосексуални либерационисти му ја испраќа својата книга за хомосексуалноста и третиот пол), па се до Ленин кој ги укинува дискриминаторските законски одредби во врска со хомосексуалноста по Октомвриската револуција. Од друга страна, некои хомосексуалци јавно поддржуваат леви идеи од XIX век, како што се Оскар Вајлд, чиј труд „Човековата душа во социјализмот“ денес ја цитира Славој Жижек. Слични, комунистички наклонети се и Андре Жид, Жан Жене, Жан Кокто итн.
Конечно денес, ливичарското движење генерално не е хомофобично (но не во потполност) и ги осудува претходните прогони на хомомосексуалците на пр. во Куба, но во исто време е и скептично околу партикуларната идеја за идентитетски политики (Бадју). Од друга страна самото геј движење кое во седумдесетите години од минатиот век радикално и антикапиталистички, во својот мејнстрим ја задржува идејата за „културна левица“ ана политички план тежнее кон правни промени за истополен брак и семејство (по пат на посвојување на деца) што де факто претставува доста конзервативна агенда, вклопена во неолиберализмот.
Душан Маљковиќ (1975), Филозоф, издавач и преведувач. Завршил женски студии и студии на сексуалноста. Има објавено голем број на теоретски и книжевни трудови во сцвојата земја и странство. Уредник е на првата хомоеротска едиција Kontrabunt издадена од RENDE, на меѓународно наградуваната емисија на радио Белград 202 Gayming и првиот домашен не – стрејт веб портал Gay-Serbia.com.
Автор е и соработник на многу уметнички проекти и проекти поврзани со човековите права. Соработник е на веб порталот b92.net, третиот програм на Радио Белград и списанието NIN.
Уредник-соработник е во издавачката куќа Karpos и член на одборот на списанието Novi plamen. Во моментов е координатор на семинарот за Квир студии при филозофскиот факултет во Белград и е уредник на списанието за квир култура QT. Член е на здружението на преведувачи на Србија со статус самостоен работник во културата.
„Квир, филм и слики на нацијата – репрезентација на хомосексуалноста во постјугословенскиот филм после 2000г.“ – Олга Димитријевиќ, Србија
29.09.2012, 11.00 часот
Предавањето ќе ги опфати најзначајните филмови со квир мотиви настанати на српскохрватското говорно подрачје од 2000г. До денес. Преку анализа на филмовите како Фини мртви девојки, Go West, Милош Бранковиќ, На убавиот син Дунав и неизбежната Парада, ќе се фокусира на тоа како филмските креатори гледаат на квир мотивите и ликови внатре наративот за нацијата и општеството. Со оглед на тоа дека филмовите не се имуни на сеприсутните предрасуди, ќе ги анализираме начините на кои низ филмските наративи се провлекуваат тезите за хомосексуалноста како нешто страно, перпетуирајќи ги традиционалните репрезентации на геј ликовите, и посебно како квир мотивите се вклопуваат во „критиката на општеството“ што најголемиот дел од овие автори ја потенцираат.
Олга Димитријевиќ дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Завршила алтернативен курс од областа на Женски студии во Центарот за женски студии во Белград. Пишувала театарски критики за неколку списанија. На одделот за Родови студии на Централноевропскиот Универзитет ја одбранила својата теза за „Телото на народните пејачки на српската естрада: конструкција на националните идентитети после 200 година“. Режирала неколку претстави и сценаристка е на документарниот филм „Будење“. Од 2010 е членка на редакцијата на QT списанието и Центарот за квир студии и предавач на филмски трибини во Домот на младината. Добитничка е на неколку значајни награди од областа на драмските уметности.
„Неподносливата леснотија на плакарот и приватноста“ – Роман Кухар, Словенија
30.09.2012, 11.00 часот
Историјата на геј и лезбиското движење во Словенија е старо скоро 30 години. Во своите настојувања да креира квир простор во Љубљана, движењето се соочи со многу пречки – физички и симболички. Во хетеронормативната географија на јавниот простор движењето беше првично окарактеризирано како закана за ’здравите граѓани’, потоа беше гледано како ’несоодветно’ за да на крај бидат замолени да ’одат на некое друго место’. Но во моментот кога заедницата замина на друго место да креира сопствен простор, стана цел на насилнички напади.
На сличен начин и правните и личните нивоа на секојдневен живот на квир луѓето во Словенија се врамени во сеприсутноста на хетеронормативноста. Истражувањата на секојдневниот живот на хомосексуалците покажува дека квир заедницата е свесна за тоа дека постојано е надзирана и контролирана во јавниот простор. Ова ги води гејевите и лезбијките кон само-перфориран надзор над сопствената хомосексуалност на начин на кој користат мимикрија со цел да се втопат во хетеронормативниот простор. Самите тие не можат д абидта обвинети за ваквото однесување бидејќи истите истражувања покажуваат дека 50 проценти од нив веќе имаат искусено насилство во јавниот простор како резултат на нивната сексуална ориентација. Слично, и на правно ниво, Актот за Регистрирани истополови партнерства симболички и легално ги маргинализира истополовите двојки со цел да обезбеди социјална надмоќ на хетеросексуалните парови.
Во рамки на предавањето ќе се обидеме да покажеме како хетеронормативниот паноптикон функционира во јавниот и приватниот живот на квир луѓето и со кои стратегии тие се спротиставуваат на улогата на жртва.
Роман Кухар е професор по социологија на Универзитетот во Љубљана и истражуваш на Мировниот Институт – Институт за современи социолошки и политички науки во Љубљана. Автор е на неколку книги, помеѓу кои: Media Construction of Homosexuality (2003), At the Crossroads of Discrimination (2009), ко-автор (со А. Шваб) на The Unbearable Comfort of Privacy (2005) и ко-едитор на Beyond The Pink Curtain: Everyday life of LGBT people in Eastern Europe (2007) и Doing Families: Gay and Lesbian Family Practices (2011). Исто така, уредник е на словенечкото ЛГБТК списание Narobe.