Афро-американски свештенци ја дадоа својата поддршка за брачната еднаквост

Афро-американски свештенци ја дадоа својата поддршка за брачната еднаквост

Минатата недела група на афро-американски свештеници се собраа во Мериленд за да го поддржат законот со кој ќе се легализира брачната еднаквост во државата, и за да ги побијат тврдењата дека сите афро-американски свештеници се против оваа одлука.

 

Според Ен-Би-Си, свештенците соопштиле дека сметаат дека легализирањето на брачната еднаквост не е религиозно прашање, туку прашање на граѓански права.

 

Пасторите и други свештенослужители од баптистичката црква Маунт Енон, предводени од

пречесниот Делман Коутс, јавно ја изразија својата поддршка, придружени од пречесниот Ал Шарптон, претседател на Националната акциона мрежа.

 

„Како афро-американски пастори и лидери, не смееме да бидеме на страната на оние кои се обидуваат да ја оправдаат легализираната дискриминација затскриена зад религиозни верувања“ – изјави пречесниот Коутс.

 

Тој заклучи дека преиспитувањето дали еднаквите бракови се добра или лоша работа е легитимно прашање за религиозните луѓе, но јавните политики и теолошките аргументи мораат да останат разделени.

 

Пречесниот Коутс предходно изјави: „Погрешен е впечатокот дека сите афро-американски пастори се, во основа, против идејата за брачна еднаквост“

 

Пречесниот Шарптон рече: „Не можете да бидете активист за грѓански права само половина од времето. Не можете да се залагате за граѓански права за афро-американците, а да не се залагате и за правата на геј лицата и лезбејките“.

 

Уште една од целите на собирот беше да се појасни дека со официјализирањето на истополовите бракови, ниту еден од членовите на свештенството нема да биде приморан да венчава истополови парови.

 

Раководителот на Алијансата за брак во Мериленд, Дерек Мекој, кој се спротиставува на брачната еднаквост, рече дека членовите на свештенството пропуштиле да разберат една битна поента – дека владата игра витална улога во животите на луѓето. Тој изјави: „Би било пропуст, доколку ја одделите владата од ова прашање, кога токму таа го редефинира бракот“.

 

Мекој, исто така, изјави дека голем број од афро-америкаснките цркви се против легализирњето на брачната еднаквост: „И тоа ќе го видиме во неделите што следат“ – рече Мекој, адлудирајќи на плановите за претстоечката медумска кампања.

 

Гласноговорникот на организацијата „Брачна еднаквост“ од Мериленд, Кевин Никс, изјави дека и оваа група која се залага за брачна еднаквост, исто така, ќе ја шири својата порака преку медиумите: „И ние ќе се рекламираме во неделите кои доаѓаат“ – вели тој.

 

Хери Р. Џексон Џуниор, пастор на христијанската црква од Белтсвил, пред една недела напиша на вебсајтот на својата црква: „Иако подржувачите на хомосексуалните бракови постојано велат дека сме иранционални расисти, приговорите на повеќето луѓе кои се спротиставуваат на хомосексуалните бракови се сосема рационални. Тие не сакаат училишта во кои нивните деца ќе учат за хомосексуалноста која оди наспроти нивните религиозни верувања“.

 

Националната асоцијација за унапредување на обоените луѓе (NAACP), базирана во Балтимор, минатиот мај даде подршка за брачната еднаквост за геј паровите, но на нивната годишна конвенција, републиканскиот претседателски кандидат, Мит Ромни, изјави дека ќе биде против по ова прашање.

 

Доколку граѓаните на Мериленд гласаат во полза на брачната еднаквост, тие ќе бидат првата држава што го направила тоа на референдум. Мејн, Минесота и Вашингтон, исто така, ќе гласаат за ова прашање.