Вашингтон дозволи склопување на геј бракови

Вашингтон дозволи склопување на геј бракови











Дестина хомосексуални двојки стапија во брак првиот ден откако тоа беше законски дозволено во главниот град на САД.

Вашингтон стана шестото место во САД каде што е дозволен брак на партнери од ист пол, така што им се придружи на Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт и Конектикат.

Портпаролката на судот соопшти дека 42 парови вчера ги подигнале своите дозволи за венчавка, а 12 од нив ги вратиле потпишани со што се докажува дека се венчани.

Паровите имаат рок од 10 дена по венчавката да ги вратат документите така што се претпоставува дека во наредните денови бројот на вакви бракови ќе биде зголемен.

 







Минатата недела речиси 150 парови се пријавиле за добивање на дозволи за венчавање, а некои од нив чекале повеќе од 4 часа, а за да ја подигнат својата дозвола мора да чекаат како и хетеро-паровите обработка на дозволата од три дена.

Владата на САД не ги признава таквите бракови но некои од сојузните држави го имаат одобрено. Ним сега им се придружи и главниот град Вашингтон кој има  посебен територијално-управен статус во САД.