Властите во Јамајка забранија „хомосексуален“ учебник

Властите во Јамајка забранија „хомосексуален“ учебник

Јамајканското Министерство за образовиание повлече од употреба учебник, откако во прилог во вестите на една локална телевизија, родители и наставници се пожалија за содржината во која се зборувало за истополовите врски и сексуалното здравје на геј лицата.

 

„Јамајкан Обзервер“ ги пресенсе прашањата во учебникот кои биле дизјанирани за да се постигне поголемо разбирање на сексуалните преференци на учениците на возраст од десет до тринаесет години:

 

„Дали некогаш сте имале секс? Дали се користеле кондом при анален секс? Колку сексуални партнери сте имале? Дали го знаете својот ХИВ статус? Дали го знаете ХИВ статусот на вашите родители?“ и „ Доколку не сте имале секс со лице од ист пол, дали е можно да сте геј доколку пробате да го направите тоа?“

 

Повеќето од родителите интервјуирани за телевизискиот прилог сметале дека прашањата се несоодветни за децата, но најмалку две лица рекле дека немаат проблем со тоа.

 

Во прилогот се тврдело дека наставниците требало да ги прашуваат децата кој дел од телото им предизвикувал најголемо задоволство и биле замолувани да испеат песна за него.

 

Министерот за образование, Роналд Твејтис, нареди учебникот да биде повлечен од јамајканскиот образовен систем и да биде ревидиран.

 

„Сметам дека делови од учебникот се несоодветни за било која возраст, особено за седум и осум годишни ученици за кои бил наменет“ – се вели во соопштението на Твејтис од минатиот петок.